четврток, април 25, 2024
домаЖивотДиета со која можете да изгубите 10 килограми за еден месец ...

Диета со која можете да изгубите 10 килограми за еден месец доколку се придржувате на едно правило

Даниела Јакубовиќ е името зад новата диета  со име „Голем појадок“, со која се гарантира дека ќе ослабнете 10 килограми за еден месец, без многу напор. Прочитајте како!

 

Како што вели Даниела, пред да се одлучите да ја практикувата нејзината диета треба буквално да ја имате пред себе познатата изрека „Појадок како крал,  ручек како принц, а вечера како сиромашен човек“ и да сфатите дека појадокот е најважното и најсуштинско јадење што ја обезбедува енергијата што  е потребна за остатокот од денот.

Во својата книга „Диета на големиот појадок“, Даниела вели дека треба да се има  појадок пред 9 часот наутро. Појадокот, советува таа, треба да биде помеѓу 600 и 850 калории бидејќи таквиот силен оброк ќе делува како сојузник на метаболизмот и драстично ќе предизвика губење на тежината.

– Обилниот појадок го покренува метаболизмот, но важно е да биде богат со протеини и растителни влакна. Ако го следите тоа правило, можете да изгубите до 10 килограми за 30 дена со слатки, пица и друга храна незамислива во другите диети – вели Данијела.

Строгаат верзија на оваа диета вели дека за појадок треба да внесувате околу 600 калории, а за ручек и вечера околу 300, а постои и помалку рестриктивна верзија која дозволува внес на повеќе калории.

@Бранислав Наков

Што да појадувате?

Започнете го денот со богат појадок и уживајте во него барем половина час. Можете, на пример, да подготвите омлет од три белки од јајца, 50 грама сирење, 50 грама шунка, зеленчук, половина мафини со сирење, овесна каша со 200мл млеко, смути од јагода  и чоколадна торта – да, и сето тоа за појадок.

Секој појадок треба да биде богат со протеини – треба да јадете две порции млечни производи, две порции јаглени хидрати, две порции маснотии и една порција десерт.
Строгата верзија на оваа диета вели дека за појадок се потребни околу 600 калории, а околу 300 за ручек и вечера, а има и помалку рестриктивна верзија која овозможува повеќе калории.
Секој ден, еден појадок треба да се состои од седум порции протеини, вклучувајќи две порции млечни производи, две порции јаглени хидрати, две порции маснотии и една порција сладок десерт.

Ручекот се состои од три порции протеини, три порции зеленчук со малку калории, две порции скроб, зеленчук и една порција овошје.

Вечерата се состои од три порции протеини, две порции зеленчук со скроб и две порции овошје – предлага Даниел.
– Важно е да јадете појадок 15 минути по будењето. Дури и ако не се чувствувате гладни наутро, форсирајте се – по две недели ќе се прилагодите на овој режим, вели Даниела

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ