Од компанијата ПроФитМк, која е увозник и дистрибутер на NuMe исхраната внимателно се грижат за клиентите, како и за тоа закого истата е наменета. Оттаму велат дека ниту една диета, па ни оваа не е препорачлива за деца. Имено, родителите на своја рака ја превземаат обврската и го ризикуваат развојот и растот на детето кога исфрлаат видови на храна од нивнтата исхрана.

Една битанска студија за здрава исхрана покажува дека диетите со малку јагленохидрати и леб се опасни бидејќи ги ограничува хранливите материии и витамини неопхдони за психичкиот развој на децата.

Студијата покажува дека 82 отсто од родителите ги ставаат децата на диета како и себе, најмногу поради тоа што не подготвуваат различни оброци.

Истражувањето покажува дека 45 проценти од родителите го ограничуваат количеството на леб кај децатат, додека 17 отсто ги намалуваат јагленохидратите во детската исхрана.

Популарните диети како палеолитската и природната која подразбира исхрана на непреработени производи, во голема мерка го намалиле внесувањето на јагленохидрати меѓу Австралијанците, што довело до намалено внесување на влакна, зрнеста храна и протеини.

Хана Салах, педијтрисиски нутриционист го осудува намалувањето на јагленохидратите во исхраната кај децата.

– Најчесто дебелите родители се обидуваат да ослабат и ги намалуваат јагленохидратите, па со самото тоа и кај децата. Јагленохидратите се многу важни за функционирање на мозокот кај децата како и за одржување на нивото на енергија. Тие помагаат за лачење на серотин, па намалувањето на храната богата со јагленохидрати можат да резултираат промена на расположението и долгорочна депресија, посочува Салах.

Таа предлага родителите да направат паметен избор кога е во прашање големината на порцијата како и квалитетот на храната. Салах потенцира дека јагленохидратите на децата им се потребни да напредуваат и да бидат среќни.