четврток, април 25, 2024
домаНасловнаДИК: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ со 15 пратенички места, според првичните...

ДИК: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ со 15 пратенички места, според првичните резултати

Според првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ победи на вчерашните предвремени парламентарни избори, односно од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, СДСМ освои 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15 пратенички места. Коалицијата Алијанса за Албанците / Алтернатива освои 12, Левица две, а ДПА едно пратеничко место. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Според симулацијата на ДИК СДСМ и коалицијата освоиле 36.12 отсто гласови, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 34,85 отсто, ДУИ 11,3 отсто, Алијанса 8,52 отсто, Левица 4,17 отсто, а ДПА 1,52 отсто.

ДИК најави дека денеска ќе ги соопшти првичните резултати од изборите и распределбата на пратеничките мандати, кога ќе се направат официјалните проверки од записниците број 16 за гласањето за секое избирачко место и од записниците број 21 на ниво на општина. Првичните резултати од изборите се само повремено видливи на веб-страницата на ДИК, откако синоќа падна поради, како што соопштија синоќа од ДИК, „надворешен напад на платформата во која се прикажуваат резултатите за јавноста, не е и на програмата за внес на податоци“.  А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ