По приведувањето на бившиот министер за заштита на животната средина и на водата на Бугарија, Нено Димов, се отворија многу прашања кои межу другото може да имаат влијание и за кај нас. Имено, по отворањето на „пандорината кутија“ со увозот на ѓубре од Италија во Бугарија, а за кое и италијанската влада води истрага се испостави дека фирмата која го увеззувала истото има „македонски корени“. Во сопственичката структура на компанијата увозник „Блацион ДОО“ има четири сопственици од кои двајца се македонци, Блаже Игнатов и Горан Ангелов, а едниот од нив пак е директор на најголемата депонија кај нас, „Дрисла„…Која коинциденција нели?

Според пишувањата на бугарскиот весник СЕГА Окружното обвинителство во Бургас започна предистражна постапка за нерегулираниот увоз на 20 контејнери италијански отпад. Слична пратка е запленета и на пристаништето Варна.Товарот бил транспортиран со брод на 5 септември 2019 година и добил аранжман за привремено складирање до 90 дена. Според документите, стоката била прогласена за пластичен отпад и гума, но е констатирано непочитување.

„Испорачател на контејнерите е италијанската компанија„ Дентице пантелеоне “со седиште во Авелино, Италија. Примател на товарот е бугарската трговска компанија„ Блацион “ДОО, со регистрирано седиште во Софија, но управувана од државјанин на Македонија, Блаже Игнатовски, се вели во соопштението на државното обвинителство. Испраќачот и примачот на контејнерите се исти како оние на нерегулирно пристигнатото ѓубре во пристаништето Варна. Повеќе детали од обвинителството ќе бидат презентирани утре, понеделник – 20 јануари.

Во меѓувреме, друга деловна организација соопшти дека е загрижена за бараниот мораториум за увоз на отпад во земјата. Второто здружение на производители на производи испрати писмо до премиерот Бојко Борисов, во кое ги изразува своите грижи за таквата мерка. Борисов денес увери дека државата никогаш не ја сметала употребената на стара облека како отпад. „Ѓубре е она што го гледате во Бобов Дол, во пристаништата, во Плевен“, објасни тој за време на денешната средба за решавање на проблемите со вода во Перник.Тој додаде дека наредил земање мостри од пепел во ТЕЦ, за да се провери што се гори. И тој повика на специјална контрола на царинските испораки од Италија.

Денес, во пристаништето Варна-Запад, истражителите продолжуваат да ги отвораат 25-те контејнери на нелегално увезено ѓубре од Италија. Обвинителството во Варна побара помош од италијанските власти за да се обезбедат информации за диспечерот, компанијата  „Дентице Пантелоне“ со седиште во Авелино, објави БГНЕС, повикувајќи се на обвинител за гонење. Исто така, се бара да се утврд дали сопствениците на компанијата примател – македонските државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов, живеат во Бугарија или како што се вели ќе бидат побарани со помош на Северна Македонија. Нивните партнери Езио Боче и Винченцо Трасари ќе се бараат преку меѓународна соработка.

Компанијата извозник е основана во 1984 година, и е специјализирана за рециклирање и повторна употреба на отпад, отстранување цврст индустриски отпад и преработка на пластика. Според веб-страницата на компанијата, ова е можно со инсталирање на полуавтоматски систем за работа. Испораката била за Блацион ДОО, но во моментот нема приведени лица. Бугарската компанија примател е регистрирана како компанија со ограничена одговорност и нејзините активности во портфолиото вклучува собирање, третман и трговија со комунален отпад.

Која е улогата на македонските бизнисмени во аферата?

Контејнерите за отпад што пристигнаа на пристаништето во Бугарија требало да бидат пренесени во термоцентралата Бобов Дол. Ова наводно за БГНЕС го изјавил македонецот, кој ја води фирмата „Блацион ДОО“ Горан Ангелов, инаку актуелен директор на депонијата „Дрисла“.

Според Ангелов, отпадот не бил пренесен во ТЕ „Бобов Дол“, затоа што кога пристигнал во пристаништето, лиценцата на постројката за согорување на отпад веќе била истечена. Тој објаснува дека станува збор за пластика и гуми.

„Отпадот од дрво, текстил и стакло не е забранет. Ова ќе го докажат експертите по извршениот увид“, рече Ангелов за македонската информативна агенција (МИА) откако се рашири информацијата за неговата инволвираност во аферата. Тој додава дека доколку се добие дозволата, отпадот ќе се пренесе во термоцентралата „Бобов Дол“, во спротивно ќе се врати во Италија.

Термоцентралата Бобов Дол, поврзана со бизнисменот Христо Ковачки, пред два дена беше предмет на проверка од страна на обвинителството и од САНС. Причината беше поради тоа што отпадот што беше запален немал сеопфатна дозвола. Ново назначениот министер за животна средина и вода, Емил Димитров, изјави дека немало штетни емисии, едноставно станува збор за непочитување на постапките. Следниот ден, Димитров на брифингот за новинари рече дека една од инсталациите на ТЕ „Бобов Дол“ ќе биде затворена бидејќи ги нема сите дозволи од еко-министерството.

Она што останува да лебди е како може директорот на најголемата депонија кај нас, „Дрисла“ да биде акционер во фирмата која увезувала отпад од Италија во Бугарија. И како да веруваме дека дел од отпадот „не скршнал“ и кај нас особено откако се знае дека италијанското обвинителство води истрага против италијанската мафија од Сицилија за извоз на отпад во Бугарија.

Н. Доковска