Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус, рече дека вакцините против корона вирусот сè уште се надвор од досегот на најсиромашните земји.

Досега се користени скоро 900 милиони дози вакцини во светот, но повеќе од 81 процент отидоа во земји со високи и средни приходи, додека земјите со ниски примања добија само 0,3 проценти, се вели во извештајот на Гебрејесус.

Во рамки на меѓународната програма Ковакс, повеќе од 40 милиони дози вакцини се испратени во 118 земји.Целта на таа програма е да се обезбедат две милијарди дози до крајот на годината, наведува Ројтерс.

Гебрејезус изјави дека во сиромашните земји за присуство на вирусот се тестираат помалку од пет проценти од луѓето во однос на богатите земји. А.Р.