За да се оствари зададената цел потребна е воља, подршка, но и добар тим кој ќе ја спроведе оваа широко општествена акција. За таа цел, тимот на здружението ЗЕОООП оствари средби со директорите на ОУ˶ Ѓорѓија Пулевски”, Марјан Јовановски, и ОУ˶ Лазо Ангеловски”, Магдалена Петреска. Од сознанијата до кои дојдоа после посетата и разговорот со истите, направија и пресек по примерите на инклузивните училишта во кои веќе постојат лифтови за ученици со посебни потреби, но и сензорни соби.

Во однос на мониторираното прашање за модернизирани инклузивни училишта со лифтови за ученици со посебни потреби ни ја пренесоа нивната добра пракса.

Во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром, како инклузивно училиште во моментов учат 23 ученика со посебни образовни потреби. Училиштето постојано се залага на учениците со посебни потреби да им овозможи подобар пристап, вклученост и услови при реализација на наставниот процес. Училиштето од 2019 година има поставено инклузивен лифт, а со него учениците можат полесно да се движат низ училиштето и да бидат самостојни во извршување на активностите. Во моментов лифтот го користат четири ученика со телесна попреченост во 2021 година е пуштена во употреба и сензорна соба. Целта на сензорната соба е да се постигне баланс помеѓу релаксацијата и активноста во рамки на сигурна и адаптирана средина која што нуди пристап на сите ученици со посебни потреби. Оваа добра практика секако е поттик и за другите училишта од општината но и пошироко. Добрите пракси се убав патоказ по кои треба да се движат сите оние кои се залагаат нашето општество да го направат подобро место за живот на лицата со посебни потреби и попреченост во развојот.

Како дополна на оваа практика се позитивните состојби во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, кое стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија. Најраните обиди за инклузивно образование во ОУ„Лазо Ангеловски“ датираат многу одамна односно уште пред 2000 година. Тенденцијата за подобрување на овие услови од година на година расте. Сето ова се реализира на повеќе начини односно преку запишување и прифаќање на ученици со најразличен вид на посебни потреби едукација на наставниот кадар и стручните соработници за инклузивно образование, вработување на специјален едукатор и рехабилитатор, опремување на училиштето со асистивна технологија и најразлични дидактички материјали за потребите на учениците со посебна потреби,, ангажирање на образовни асистенти од Општина Аеродром а потоа од ресурсниот центар, учество и работа на Ерасмус + проектите кои се однесуваат на инклузивно образование, инфраструктурно инвестирање во училиштето со цел надминување на архитектонските бариери и сл. Она со што може да се пофалат и гордеат се случувањата во училиштето последниве пет години, кои овозможија целосна инклузивност односно пристапност на ова училиште. Поточно во 2022 година се поставија пристапни рампи/лифтови во внатрешноста на училиштето со цел достапност на сите спратови од училишната зграда за сите ученици, потоа поставување на тактилни патеки, исто така низ целата училишна зграда и училишниот двор, опремување на пристапен инклузивен тоалет, сензорна соба…

Во фаза на изработка е внатрешен лифт со што во целост би се овозможила пристапноста за учениците со секаков вид на посебни потреби е уште една инвестиција во ова училиште, месецов се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини кои овозможуваат целосно инклузивна настава за овие ученици. Дополнително, донирани се средства со кои целосно се опреми сензорната соба во ова основно училиште. Директорката на училиштето, истакна дека отварањето на оваа сензорна соба која е опремена со мноштво дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема ќе биде од голема корист за учениците со попреченост. ОУ „Лазо Ангеловски“, кое воедно е и најголемо училиште во Општина Аеродром и во Северна Македонија пред извесен период стана целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Откако во изминатиот период училиштето доби инклузивни тоалети, беа поставени пристапни рампи, тактилни патеки, знаци, како и пристапен лифт за учениците со посебни потреби , се заокружи циклусот на целосна пристапност за сите ученици.
Ова воедно претставува и еден сеопфатен увид на позитивните состојби во две основни училишта во Општина Аеродром за што се најзаслужни директорите со своите тимови.
Иновативната иницијатива “За подобрена инклузија” се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија”на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Овој текст е изработен во рамките на проектот “Поддршка за изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини во овој текст не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

За да дознаете повеќе за иницијативата “За подобрена инклузија”, следете го линкот:
https://electoralreforms.mk/single-initiative-2022/?ID=4607&mesec=%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82-2023