четврток, април 25, 2024
домаДоговорено производството на руската вакцина „Спутник V“ во Србија

Договорено производството на руската вакцина „Спутник V“ во Србија

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) и српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ објавија денеска дека постигнале договор за производство на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус во Србија, што може да започне до мај во постројките на „Торлак“, јави Танјуг.

Србија ќе биде првата земја во Југоисточна Европа што ќе произведува вакцина „Спутник V“ и подоцна ќе може да се извезува во соседните земји, се вели во соопштението.

Директорот на РДИФ, Кирил Димитријев и се заблагодари на Владата на Србија за континуираната поддршка и доверба во „Спутник V“.

„Србија е меѓу првите земји во светот што го одобри „Спутник V“ и ја користи оваа вакцина за да го заштити населението од коронавирус. Производството на руската вакцина во „Торлак“ ќе обезбеди полесна логистика и ќе помогне во забрзување на програмата за вакцинација во земјата “, рече Димитријев.

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, меѓу другото, рече дека производството на вакцина „Спутник V“ во институтот „Торлак“ ќе ги зајакне капацитетите на Србија за борба против пандемијата на коронавирус и ќе отвори нови перспективи за дистрибуција на вакцината во југоисточна Европа. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ