четврток, април 25, 2024
домаДоделена наградата „Најуспешен автор и дело“ на 13.Меѓународно биенале на млади уметници

Доделена наградата „Најуспешен автор и дело“ на 13.Меѓународно биенале на млади уметници

Жири комисијата во состав: Ива Димовски (историчарка на уметноста), Велимир Жерновски (ликовен уметник) и Јане Чаловски (ликовен уметник), едногласно одлучија наградата „Најуспешен автор и дело“ на 13.Меѓународно биенале на млади уметници – „Страст за лутање“, во организација на Музејот на современа уметност – Скопје, рамноправно да ја доделат на следните автори: Наташа Неделкова (Македонија), за делото насловено „Ткива на идентитет“, видео,

Дарко Алексовски (Македонија), „“Never Not in Love/Никогаш незаљубен“, просторна и видео инсталација, 2019

2020; Дарко Алексовски (Македонија), за делото „“Never Not in Love/Никогаш незаљубен“, просторна и видео инсталација, 2019 и Дритон Селмани (Косово), за скулптурата „No But No (or reverse) / Не но не (или обратно)“, 2019.

За првпат наградата, која се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност  Скопје, се доделува на тројца автори и дела, кои жири комисијата ги доживеа за најубедливи достигнувања претставени на биеналето.

Дритон Селмани (Косово), скулптура „No But No (or reverse) / Не но не (или обратно)“, 2019

Истовремено со оваа одлука се потенцира и потребата од поголема изложбена застапеност на младите автори во музеите, поддршка во развојот на нивната уметничка пракса и потенцирање на потребата за уште посуштинско и критичко промислување на темите, кои овие автори во овој момент се подготвени да ги отворат и споделат со публиката.

Земајќи го ова предвид, жирито им честита на сите учесници на годинашната изложба и го потенцира високото ниво на продукција и концепциска релевантност кај изложените дела. Исто така, жирито сака да ја потенцира суштинската поврзаност на концептот „Страст за лутање“ (под кураторство на Артан Садику, Јованка Попова, Благоја Варошанец и Ива Димовски) со ефектниот модел на локациска дисперзија на биеналето со што се анимираат нови можности за презентација на делата и анимација на публиката.

Наградените автори ќе имаат можност да остварат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје во 2022 година, со средства што ќе бидат обезбедени од годишната програма на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

RELATED ARTICLES

Most Popular