Во хотелот „Холидеј Ин“ денеска се одржа конференција на која се разгледуваше концептот за „Паметни градови“ како алатка за подобрување на
животот во урбаните средини, меѓутоа и можностите за економски раст и развој на земјата преку градење на одржливи урбани средини во чие создавање ќе учествуваат локалните власти, индустријата и граѓаните подеднакво.

По говорите на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија Сибил Сутер Тејада, говореа и Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка во „Еко свест“, консултантот Филип Нелковски, професорите Огнен Марина, д-р Анис Сефиданоски, како и д-р Стефан Бужаровски, кој работи на универзитет во Манчестер.