Две лица се полесно повредени во пукање во лекарска ординација во Келн. Според првичните информации, повредените го загубиле слухот од пукањето, а жената која пукала во луѓето е уапсена по потера која траела неколку часа.

Засега не е познат мотивот за нападот, а според последните информации, пукала 43-годишна жена.

Како што се наведува, доктор ја утврдува нејзината „здравствена состојба“, иако медиумите соопштија дека таа не е повредена за време на нападот ниту за време на апсењето. А.Н.