Њујорк Фото: АП

Денеска нешто по 17 часот беа испратени специјални полициски единици во зградата на њујоршки Емпаејр Стејт Билдинг, но пријавата за заканата се покажа како лажна, објави „Њујорк пост“.

Се додава дека полицијата ја истражувала зградата, еден од симболите на Њујорк, и дека не нашле ништо сомнително.

„Дејли мејл“ известува дека непознато лице се јавило на службата за итни случаи и им соопштило на диспечерите дека „бомбата ќе експлодира напладне“ (18.00 часот по средноевропско време). А.Н.