четврток, април 25, 2024
домаНасловнаДржавната и јавна администрација да работи во смени или од дома, дел...

Државната и јавна администрација да работи во смени или од дома, дел од сетот нови мерки против Ковид-19

На утрешната владина седница ќе биде предложен уште еден пакет мерки кој може да го намали бројот на новозаразени од Ковид-19, посочи министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче во денешната изјава за медиуми.
– Сите економски оператори да работат до 23 часот;
 Ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти;
Препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак, редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес.
Овие мерки ќе бидат додадени на пакетот мерки кој утре ќе се дискутира во Собранието. Законот за заштита на населението од заразни болести е веќе даден по скратена постапка. Во него се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири. А.Р.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ