Духовите од минатото

Кога пишуваш за некого, изнервиран од тоа што кажал, направил, изјавил, му даваш на важност. Но, да не се заборави, мора да се напише нешто после повиците за ““големата идеја” за Македонија” – за да не бидело!?!

243

Пишува: Филип Спировски

Тоа што оваа Влада макотрпно го работи ме потсетува на мојата сизифовска работа во кафулето пред десетина години, кога се здадов да бидам од метлар до стопан – се во едно. А во меѓувреме тогашната власт дрпала на сите страни: од “Скопје 2014” до “пиши под ставка Револуционерна Борба и исплати”, преку илјадници тендери на подобни дејци – поддржувачи на вмрото. Наместо да го менаџирам кафулето (читај да обезбедам посетеност) ја се бавев со “дизајн”: да било чисто, да било убаво… И Владава се бави со “дизајн”; Наместо да затвара, се обидува да смирува да го врти другиот образ, со убаво да “премости” недостатоци во судство, во медиуми во економија и во буџет. И во кафулето и во државата тоа се прави во Скандинавско опкружување, со стабилни институции и со свесни и ситуирани граѓани. За сега далеку сме од тоа. Затоа дизајнот и другиот образ треба да ги тргнеме на страна и да го изметеме отпадот (читај ѓубрето) од под тепих напластено десетици години.

Тоа започна да го прави Зоран Заев и треба да го доврши. Капацитетите ни се скромни и девастирани, ама можат да издржат. И со технички министри и со техничари наместо инженери, треба да им се даде шанса на остатоков од луѓе во државава. Нека изберат и нека се уверат уште еднаш дека не е до изборот ако лажеш и крадеш, дека кога си нечесен ќе ти се врати.

Што ми треба сега ова да го враќам низ глава? Ете, несреќно кликање на копчето на уште понесреќната телевизија алфа (или како се вика сега , забравам и го името). А таму познат сителовски лик: едниот од медиумските Бони и Клајд, главниот…

Зборува за голема идеја која ни недостасувала и тој ќе ни ја измислел. Многу сме биле антички и битни ама ете сме немале идеа. Ц ц ц. Ете старо-новата песна, 30 месеци неиспеана, како и секогаш интересна, чуруликна на алфа од сителовата ѕвезда.

Од позиција на соговорник е поинаку отколку од позиција на водител. Звучи некако експертски, докторски, терминолошки предозборно.  ЗОШТО? ЗАТОА ШТО… Ако баш тоа го усвоиш од реториката на премиерот значи дека има нешто во таа реторика. Без разлика дали Срби од американска компанија или Ескими те учеле на ПиАр, ако Латас применува тогаш е употребливо. А тоа боли. Е боли и каменот од близу. Демек заборавивме за 30 месеци кој што правел, каде, како и со кого! Па сеа пу пу не важи. Ќе замижиме и ќе продолжиме. Повторно ќе го менуваме името без референдум во староново. Ќе го препишеме тефтерчето со судии и ќе “избришеме” уште неколку новинари, а градоначалниците ќе ги замаваме со по некој шамар.

Економијата била за никаде!? Демек, минатата власт ја остави полна касата од проекти и инвестиции, и автопати биле градени за народот, а не за милионски провизии. Со оглед на моќта на медиумите и ниту еден насила несменет од работното место на МРТ, на пример, сегашната власт е пример како можеш и во нога да си пукаш и пак прв да истрчаш. И ако Заев не бил политичар не знам кој бил. Му дојде Меркел, му дојдоа сите на гости му признаа политичка виртуозност, а тој тоа го правел за пари. Мајката; А Латас работел за доброто на народот и целата власт од минатиот состав не работеле за пари!! Ајдее?

Абе убаво ми велеше баба ми дека политиката е к..ва. Ама немојте на к..ва к.р да и продавате. Баба и дедо “го јадеа” и од Бугарите и од партизаните и од вмровците. Тие не си играа со политика, си гледаа своја работа. Ама тука тоа изгледа не оди. Затоа и тешко ќе мрднеме без помош, арбитража или подадена рака од попаметните; или од поитрите т.е. тие што не претркаа последниве дватриесет години, (мислам на комшиите)… Ама за духовите од минатото, другпат.

Без три чисти да се соочат со сопствената абдалштина опозиционерите тешко дека ќе ја прифатат европската перспектива. Таму нема искривени огледала. Одразот на ликот е веродостоен и потребно е да се соочите со него.

Ни требала идеа. Ни требала сега. Баш и само сега! Најдобра била идеата за Голема Македонија. Од тоа се живеело добро и без работа. Ц Ц Ц.

И повторно за пропагандата. (Ех Гебелс да имаше фејсбук!)