Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021
ЕБУ и нејзината членка France Télévision денеска со задоволство соопштија дека Париз, градот на светлината, ќе биде официјален град домаќин на овогодишниот јуниорски натпревар за песна на Евровизија (JESC).
По победата на Валентина, претставувајќи ја Франција на Изборот на детска Евровизија 2020 во Полска, прва победа на Франција на овој детски фестивал, Француската телевизија реши да го организира натпреварот во Сена Музикале, лоциран на Ил Сегин во западен Париз.
 19-то издание на Детската Евровизија, фестивал за талентирани деца од 9-14 години, ќе се одржи во недела на 19 декември.
Во  2020 година овој фестивал достигна 32 милиони гледачи, а домаќин беше Варшава, односно полскиот радиодифузер ТВП.
Слоганот на 19-тиот Детски Ервосонг во Париз ќе биде „Замисли“, како паднан на одгласите на победничката песна на Валентина – J’imagine – во 2020 година.
Мартин Остердал, извршен супервизор за ЈЕСЦ, рече: „Воодушевени сме што можеме да објавиме дека Париз ќе биде град домаќин на Детскиот натпревар за песна на Евровизија 2021. Возбудливо е да се вратите во француската престолнина со евровизиски настан за прв пат по над 40 години. Тимот на „Франс Телевисион“ има страст, посветеност и енергија да создаде фантастично шоу во декември каде што талентирани млади уметници ќе можат да блеснат и „да си замислат“ дека ќе го освојат пехарот за Детска Евровизија, вели тој.
Александра Ред-Амиел, раководител на програмата за забава во France Télévision, рече: „Следниот декември, за прв пат по 43 години, Франција ќе организира настан на Евровизија. Прекрасен проект! Детскиот натпревар за песна на Евровизија е неверојатен нов предизвик за нас да произведеме автентично шоу, а особено за мене како извршен продуцент. Детскиот натпревар за песна на Евровизија ја претставува културната разновидност на нашата млада публика во Европа и тоа ми значи многу. Ние ќе бидеме целосно вклучени да понудиме одлично, уникатно и амбициозно шоу во Париз “.
За разлика од Евровизијата, каде  задолжително се организира шоиуто во земјата која победила претходната година, детската Евровизија се одржува по договор  и одлука на организаторот ЕБУ.