Од првото евровизиски полуфинале на 65.Евровизија, синоќа, 18 мај, се квалификуваа претставниците на Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Тие ќе настапат во сабота на 22 мај, на финалето, со уште 10 претставници кои ќе се пласираат од второто полуфинале во четврток 20 мај, и плус и земјите од Големата четворка и домаќинот.

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев имаше феноменален, модерен и моќен настап во салата Ахој во Ротердам, проследен со одлични визуелни анимации. Интерпретација и стајлинг, блиски до изведба на спиритуална песна, која те поднесува во возвишеност. Настапи сам на сцена.

Тука може да ја погледнете неговата изведба.