epa08539962 Spedali Civili members conduct nasal swabs and Coronavirus tests at the testing Location at Palazzetto della Fiera in Brescia, Italy, 11 July 2020. EPA-EFE/Filippo Venezia

Во Русија се потврдени 6.234 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број заразени достигна 765.437. Забележани се 124 смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата во таа земја сега е 12.247.

Во Германија, потврдени се 529 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број заразени е на 201.372, објави Институтот Роберт Кох. Уште едно лице починало во таа земја, така што вкупниот број на почиати сега е 9.083, пренесува Ројтерс.

Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 134 новозаразени со коронавирус. Во моментов во Австрија, според податоците на Министерството за здравство, има 1.272 активни болни, од кои 98 се хоспитализирани, а 11 се во единицата за интензивна нега. Најголем број новозаразени се регистрирани во Виена со 52 случаи, по што следи Горна Австрија со 36, а Долна Австрија со 17. Што се однесува до Горна Австрија, жариштето е во близина на Линц, а во Долна Австрија, општина Хорн. Во изминатите 24 часа беа спроведени 8.677 тестови. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 19.489 лица се тестирале позитивни на вирусот, а 17.501 се излечени.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Белгија се зголеми во текот на изминатата недела, а регистрирани се 261 нови инфекции во изминатите 24 часа. Просечниот дневен број нови случаи во Белгија минатата недела достигна 127,4, што е за 46 проценти повеќе отколку во претходните седум дена. Според претставниците на локалните здравствени власти, се чини дека е запрен трендот на намалување на бројот на лица кои биле хоспитализирани поради Ковид-19. Според „Би-би-си“, репродуктивниот број на коронавирус во Белгија во периодот помеѓу 11 и 17 јули се движел помеѓу 0,84 и 1,3, а за да се смета за пандемија во опаѓање, таа вредност мора да биде помала од една.

Во изминатите 24 часа, во Белорусија се регистрирани уште 171 случаи на коронавирус, што го зголеми вкупниот број заразени на 65.953, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја. Во соопштението се наведува дека четири лица починале во последните 24 часа. Досега се регистрирани 495 смртни случаи во Белорусија, додаде Министерството. Според министерството, досега се отпуштени 57.556 пациенти со коронавирус од болницата, од кои 486 во изминатите 24 часа. За корона вирусот во Белорусија биле тестирани вкупно 1.183.007 лица, а во последните 24 часа 10.127, пренесува ТАСС. Белорусија не воведе карантински мерки за време на пандемијата, така што се дозволени јавни настани. Според официјалните лица, во текот на изминатите неколку недели епидемиолошката состојба во Белорусија се подобрува, односно бројот на нови случаи се намалува. Од јули, некои болници во Белорусија, кои се реновирани за да можат да лекуваат пациенти со Ковид-19, започнаа да прифаќаат редовни пациенти. И покрај падот на бројот на случаи на дневна основа, бројот на заразени во Белорусија е двојно поголем од просекот на ЕУ. Поради тоа, границите на ЕУ се затворени за белоруските граѓани. Белоруското Министерство за здравство не ја исклучува можноста за уште еден бран во земјата.

Во Бугарија, во текот на претходните 24 часа, корона вирусот е потврден кај 298 лица, 31 повеќе од претходниот ден, што скокна вкупниот број заразени на 8.442, јавува агенцијата ТАС. Како резултат на Ковид-19, во оваа земја починаа уште четири пациенти, а од почетокот на пандемијата, тој број е 297. Министерството за здравство на Бугарија соопшти дека вчера биле спроведени 4.884 тестови за коронавирус. Досега, 4.033 пациенти се излечиле од коронавирус во Бугарија. Во моментов има 606 лица во болница, а 33 се во критична состојба.

Во Унгарија едно лице почина во изминатите 24 часа како резултат на коронавирус, со што се зголеми вкупниот број на смртни случаи на 596, објавено е денес на веб-страницата koronavirus.gov.hu. Денес, Унгарија забележа зголемување на бројот на заразени лица во однос на петокот, бидејќи во изминатите 24 часа се регистрирани 22 случаи на коронавирус, додека претходниот ден имало 14. Вкупниот број на заразени со тоа се зголеми на 4.315, се додава на страницата. Досега се излечиле вкупно 3.222 лица, додека во земјава има 497 активни случаи, а 83 се наоѓаат во болница, од кои три се на респиратор, пренесува МТИ. Во карантин дома има 4.953 лица, а направени се вкупно 305.133 тестови. Новите рестриктивни мерки во врска со влегувањето во земјата стапија на сила во средата, со цел да се спречи „увозот“ на заразени лица од странство. Властите ги следат пристигнувањата и преземаат мерки врз основа на сериозноста на стапката на инфекција во секоја земја. Ова може да вклучува 14-дневен ред за карантин и задолжително тестирање. Забранети се собири на повеќе од 500 лица до 15 август.

Во последните 24 часа во Словенија, од 1.027 лица тестирани за коронавирус, резултатот беше позитивен во 24 случаи, додека нема нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, пренесува СТА. Според најновите официјални податоци, од почетокот на пандемијата се заразиле вкупно 1.940 лица со коронавирус во Словенија, додека 111 пациенти починале како резултат на Ковид-19. Во моментов има 261 активни случаи на инфекција во оваа земја, а во болницата има 19 пациенти, од кои двајца се во критична состојба.

Менаџерот на болницата во Тимишвар предупреди денеска дека се очекува „цунами“ на заразени со корона вирусот во Романија, каде три дена по ред е забележан рекорден број заразени лица. Во Романија, во изминатите три дена се потврдени 777, 799 и 889 случаи на коронавирус, скоро двојно повеќе од мнозинството од заразените пред воведувањето рестриктивни карантински мерки. „Би-би-си“ проценува дека ситуацијата можеби е влошена со контроверзната пресуда на романскиот Уставен суд минатиот месец, во кој е предвидено дека властите немаат надлежност да воведат мерки за карантин, изолација или хоспитализација на поединци. Како резултат, околу 900 луѓе заразени со Ковид-19 решија да ја напуштат болницата. Романскиот претседател Клаус Јоханес денеска потпиша изменет закон за карантин во кој се вели дека заразените можат да бидат под медицински надзор максимум 48 часа, по што лекарите ќе одлучат дали пациентите можат да бидат ослободени од болницата. Строгите мерки за карантин, воведени од Романија во март, помогнаа да се спречи драматичното ширење на коронавирусот, но како што беа олеснети ограничувањата, бројот на заразени нагло се зголеми. Шефот на вонредни ситуации Раид Арафат рече дека некои болници во Букурешт веќе немаат легла за интензивна нега. Речиси 2.000 луѓе починаа од коронавирус во Романија досега. А.Р.