epa08421762 Staff is testing samples on COVID-19 in the laboratory of the hospital of the Military Institute of Medicine in Warsaw, Poland, 14 May 2020. The number of confirmed coronavirus infections in Poland increased since Wednesday evening by 265 and reached 17,469, the Ministry of Health said on Thursday morning. Another eight people have died, bringing the death toll to 869. EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Во Австрија, бројот на нови случаи на коронавирус постојано расте, и ова повторно може да доведе до оптоварување на болниците. Експертите од „ Ковид прогноза конзорциумот“ велат дека би можеле да се зголеми дневниот број на новоинфицирани веќе следната недела, од сегашниот просек од 2.400 новоинфицирани на 2.900, а од 17 март на 3.200 пациенти на ден.

На запад од земјата, бројот ќе порасне помалку отколку на истокот, каде се предвидува поголем број на нови инфекции. Главната причина за зголемувањето на бројот на нови случаи се нови видови. Во провинцијата Бургенланд, учеството на нови видови веќе достигна 94 проценти, а низ цела Австрија е околу 75 проценти.

Кога станува збор за капацитетите на болниците, експертите посочуваат дека за две недели ќе мора да бидат сместени во болница до 1.900 пациенти и дека може да се очекуваат повеќе од 430 на интензивна нега.

Во моментов, во болница има нешто повеќе од 1.600 пациенти со ковид, а 315 лица на интензивна нега. Во Виена, капацитетите на болниците може да бидат пополнети 33 проценти, што претставува посебен товар за здравствениот систем.

Повеќе од една четвртина од заболените на Кипар се со британскиот вид

Повеќе од една четвртина од заразените со ковид-19 на Кипар имаат британски вид на вирусот, што го објаснува неодамнешниот скок на бројот на заразени, објавија денес властите.

Таквите резултати беа потврдени по анализата на примероците во Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), со што се утврди дека 25,7 проценти се британска варијанта на вирусот, објави Министерството за здравство, пренесува Ројтерс.

Кипар ги објави првите случаи со британскиот вид на вирус на почетокот на јануари, по тестовите на позитивни примероци земени во декември 2020 година. Патем, овој вид е од 30 до 100 проценти позаразен од претходните варијанти кои беа доминантни, објави вчера „Бритиш медикал џурнал“.

Кипарското Министерство за здравство смета дека оваа варијанта е 50% позаразна од вообичаениот вид на коронавирус. Исто така, веројатно ќе поттикне скок на бројот на заразени и со зголемени шанси за пренесување кај помладите во последните денови, се вели во извештајот. Кипар досега има 38.065 заразени со ковид-19 и 235 смртни случаи.

Рекорден број ковид хоспитализации во Украина

Рекордно висок број Украинци биле пренесени во болница со симптоми на ковид-19 во последните 24 часа, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство. Министерот за здравство Максим Степанов на Фејсбук напиша дека 4.250 лица биле хоспитализирани изминатиот ден, скоро 22 проценти повеќе од претходниот рекорд од 3.486 лица регистрирани на 3 март, пренесува Ројтерс.

Бројот на хоспитализации не надмина 2.000 за време на врвот на пандемијата на крајот на минатата година, но започна да се зголемува на крајот на зимата за време на вториот бран на инфекции. Степанов рече дека во последните 24 часа се регистрирани 9.084 нови случаи со 262 смртни случаи. Украина досега има пријавено вкупно 1.425.522 случаи на коронавирус и 27.685 смртни случаи.

Рекорден број на новозаболени во Унгарија

Рекордни 8.312 нови случаи на коронавирус беа пријавени денес во Унгарија, додека 172 лица починаа како резултат на инфекцијата. Како што е наведено на владината веб-страница за следење на епидемијата, во моментот има 8.329 пациенти во болниците, од кои 911 се на респиратор, поради што здравствениот систем е под притисок.

Во моментов има 128.408 активни случаи, пренесува МТИ. Таа земја во моментов има една од највисоките стапки на заразување и смрт од последици од инфекцијата. Од почетокот на епидемијата, во Унгарија се заразени 489.172 лица, од кои 16.497 починале.

Според владините податоци, до денес, 1.149.557 граѓани ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус.

Во Германија, најмногу заразени во последните пет недели

Бројот на новозаразени со корона вирусот во Германија е најголем денес во споредба со изминатите пет недели, додека во исто време има сè погласни повици за да им се овозможи на матичните лекари да започнат вакцинирање против ковид-19, што би ја забрзало имунизацијата.

Според институтот Роберт Кох, бројот на новозаболени лица се зголемил за 14.356 лица во изминатите 24 часа, што е скоро 2.500 повеќе од пред една недела, и најголемо дневно зголемување од 4 февруари, објави Ројтерс. Претседателот на Институтот, Лотар Вилер, изјави дека е многу загрижен за зголемувањето на бројот на заразени, имајќи предвид дека сè уште има многу луѓе во загрозени категории кои треба да се вакцинираат.

„Во Германија особено гледам почеток на третиот бран“, рече тој на брифинг во Обединетите нации во Женева вчера, барајќи граѓаните да одржуваат физичка дистанца и да носат маски.

Тој истакна дека фреквенцијата на вирусот значително се намали кај луѓето постари од 80 години, но дека е во пораст кај другите возрасни групи.

Кампањата за вакцинација во Германија е бавна поради недоволниот број вакцини и бирократијата. Имено, само 6,9 проценти од 83 милиони жители ја примиле првата доза на вакцина, што е далеку помалку отколку во земјите како Велика Британија, Израел и САД.

Регионалните и националните министри за здравство вчера се согласија дека матичните лекари треба да започнат со вакцинирање од средината на април. Тие исто така одлучија центрите за масовна вакцинација да продолжат да примаат најмалку 2,25 милиони дози вакцини неделно.  А.Н.