четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЕвропа им даде одврзани раце на државите сами да одлучуваат за летната...

Европа им даде одврзани раце на државите сами да одлучуваат за летната сезона

Се чини дека секоја држава сама ќе одлучува за начините на кои ќе ја отвори сезоната. ЕУ на денешниот состанок за иднината на туризмот не донесе заедничка одлука за тоа како ќе изгледа летната сезона и под кои услови ќе се примаат странските туристи.

Според она што денеска било разговарано и одлуките што се донесени водат кон тоа дека државите членки на Унијата сами ќе одлучуваат за начинот на кој ќе ги примаат странските туристи. Во однос на движењето во рамките на Унијата се вели дека дигањето на граничните рампи ќе оди постепено, но некои држави веќе си прават билатерални договори со кои го решаваат ова прашање.

Кога станува збор за Западниот Балкан, изгледа дека соседните ни држави со излез на море ќе направат се да ја имаат сезоната и од 15 јули ќе ги разлабават мерките до таа мера да секој може да патува каде сака. Во една од препораките се вели дека секоја земја сама ќе одлучува за прием на гостите од други држави и доколку државата нема пораст на заразени или е смирена ситуацијата движењето на граѓаните од тие држави да се врши слободно, што значи без тестови за ковид, туку само со заштитна опрема.

Границите полека но сигурно почнуваат да се отвораат од 1 јуни.

Н.С.

 

 

RELATED ARTICLES

Most Popular