Како што пренесуваат српските медиуми Србија најверојатно ќе донесе одлука за влегување во државата само со ПСР тест. Оваа одлука, како што пишуваат српските медиуми е предизвикана од тоа што нема намалување на бројот на заразени, а престојните празници ќе можат да „увезат“ голем број на лица кои позитивни би влегле во државата доколку нема строга контрола.

Во информациите кои кружат се вели дека ќе има и зелена листа на држави од каде ќе може да се влегува без ПСР тест. А, имаше и информација дека соседните земји ќе бидат изземени од одлуката, но според последните информации говорат дека ПСР тетсот ќе биде задолжителен и за македонските државјани кои сакаат да влезат во Србија.

И Германија влегува во карантин до 10 јануари, затворајќи ги продавниците и училиштата. Швајцарија информираше дека исто така размислува за целосен карантин, а најави и дека нема да ги отвори скијачките центри.

И додека голем дел од државите најавуваат целосен или делумен карантин за време на божиќните и новогодишните празници, кај нас некои хотели ги отворија вратите за новогодишни прослави. Најавите дека неделава што следи ќе се разговара за нови мерки, говорат дека и кај нас ќе има некој вид на затегање на движење на граѓаните, но дали ќе биде целосно затворање или делумно, останува да видиме.   Н.Д.