Швајцарија е под притисок да ги затвори своите скијачки центри за време на сезоната на празници за да избегне „нелојална конкуренција“.

Европската Унија се надева дека ќе успее да постигне договор со цел за „еднакви услови за сите“. Алпските соседи Италија, Франција, Германија и Австрија одлучија да ги затворат зимските ресорти за време на божиќните празници.

  • Разговорите со претставниците на Швајцарија се во тек и целтта ни е да се избегне било каква нелојална конкуренција – вели францускиот министер за европски прашања Климент Бин.

И францускиот и италијанскиот премиер исто така ги повикаа швајцраските власти да се приклучат кон ова решение и да ги затворат скијачките центри. Но, до сега ниту една земја која не е членка на ЕУ го нема сторено тоа, па тешко е да се поверува дека Швајцариај ќе го прифати барањето на ЕУ.