Комитетот за култура и образование на Европскиот парламент ја истакна потребата за поддршка на медиумите за надминување на последиците од кризата со КОВИД-19.

Европскиот парламент наведува дека за време на пандемијата, медиумите и новинарскиот сектор се клучни за навремено и точно информирање на јавноста, но и дека се соочуваат со големи загуби, пред се заради падот на продажбата на рекламен простор за дури 80 проценти.

„Тие се наша одбрана од лажни вести и дезинформации. Во исто време, тие се сериозно погодени од намалените приходи од рекламирање и фактот дека нивната иднина е неизвесна“, предупредуваат европратениците.

Членовите на Комитетот за култура и образование побараа од Европската комисија да обезбеди парите од фондовите наменети за економско закрепнување по пандемијата на коронавирусот, да стигнат и до медиумите, како и до културните институции, индивидуалните креатори и добротворни организации.

Во соопште

нието на Европскиот парламент се наведува дека од Европската комисија е побарано да ја испита можноста за формирање итен фонд за помош на медиумите и новинарскиот сектор.

Парламентот наведува дека парите за помош на медиумите може да се обезбедат од средствата за други програми што во моментот е невозможно да се потрошат заради пандемијата на КOВИД-19.

„Создадете итен фонд за медиуми, наменете структурни фондови за култура и зајакнете ги гаранциите за овие сектори“, порачуваат европратениците. А.Р.