Воздухопловната Федерација на Македонија, параглајдинг клубот „Fly Ohrid“ и Општина Охрид како покровител, од 28 април до 01 мај ќе го организираат Европскиот куп во параглајдинг „PGAEC OHRID 2022“.

На натпреварот ќе земат учество натпреварувачи од 15 земји кои ќе се натпреваруваат во дисциплината прецизно слетување. Натпреварувачите ќе стартуваат од полетувалиштето во Велестово, а ќе слетуваат на стадионот БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ.

Организаторите ги охрабруваат сите граѓани на Охрид и потенцијалните туристи кои ќе бидат во Охрид за време од Велигденските и Првомајските празници, да го посетат настанот и да уживаат во вештините што ќе ни ги покажат параглајдеристите.

За таа цел организаторот се погрижи да обезбеди добра забава на која со свои DJ сетови ќе не почестат: DJ Tommy Dready, DJ Vera Jankovich и DJ Alexandar.