Од нашиот специјален известувач од Бон,  Наташа Доковска Спировска
Од нашиот специјален известувач од Бон,     Наташа Доковска Спировска

Во наредните години, ќе има голем бран на “климатски бегалци” кои би можеле да доведат до немири и несигурност во ЕУ и во другите делови на светот, предупредуваат научниците на климатските промени И подвлекуваат дека е тесна линијата меѓу климатските мигранти и мигрантите кои бегат  од воените жаришта.

А оваа тема не можеше да биде одбегната за време на самитот за клима, кој наредниве две недели се одржува во Бон. Денеска на COP 23, Норвешиот совет за беглаци и Оксфам одржаа трибина која сакаа да укажат на тесната линија помеѓу мигрантите, како и нивната заложба – спас на плaнeтатa земја.

Ефектите од климатските промени стануваат се поизразени, предизвикувајќи различни еколошки и социјални промени. Една од главните и глобално забележителни промени е интензивирањето на присилната миграција предизвикана од климатските промени. Таквите присилни мигранти, поради меѓународното законодавство кое нема вградени критериуми за регулирање на статусот на бегалци кои произлегуваат од еколошки причини, вклучувајќи ги и климатските промени, не можат да го постигнат наведениот статус и го претставуваат проблемот на целата меѓународна заедница, што доведува до значителни социјални, економски, политички и културни промени во глобален контекст.

Миграциските бранови нема да се намалат во иднина, но ќе се зголемат, а дополнителна причина, покрај политиката, војни и сиромаштија, се климатските промени, предупредуваат специјалисти на ОН. Климатските бегалци или климатските мигранти се подмножество на емигранти од животната средина кои се принудени да бегаат “поради ненадејни или постепени промени во природната средина поврзани со најмалку едно од трите последици од климатските промени: пораст на нивото на морето, екстремни временски настани и суша и недостиг на вода.

Нина М. Биркленд од Норвешкиот бегалски совет  вели дека секоја година има по 25,3 милиони раселени лица под притисок на природни катастрофи, додека Симон Бредшо од Оксфам, пак, вели дека луѓето кои живеат во неразвиениети или средно развиените држави имаат околу 5 пати поголеми шанси да бидат раселени отколку од оние кои живеат во развиените. Климата е способна да ги “удри” социјалните и економските системи, особено на удар се островските нации, како и земјите со долги брегови и големи сушни предели.

Екс-претседател на Репубилка Карибати: Аноте Тонг
Екс-претседател на Репубилка Карибати: Аноте Тонг

“Кога нивото на морето се зголемува и се намалува дождот, луѓето нема повеќе каде да останат, освен да станат и да заминат кон места кои нудат подобри услови за живеење” – вели поранешниот претседател на една од најпогодените држави, Аноте Тонг, од Карибати. Тој вели дека во услови кога не знаете што ве чека утре, не сте во можност ниту да рзмислувате за иднината, па затоа најголем дел од неговите деца и внуци се исселиле во понадежните држави.

Република Кирибати е најниска земја во светот. Се состои од 33 атоли кои се протегаат до 3,5 милиони квадратни километри морска површина, а нивната просечна висина е само два метра.

“Климатските промени не се работи за далечна иднина, тие не се проблем со кои ќе се соочиме подоцна, сега ги живееме”, предупреди АнотеТонге.

И претставниците од Бангладeш, држава која е една меѓу 5те најпогодени од климатските промени велат дека нивните жители катадневно се жртви на поплави и суши… Мд Масум активист за правата на мигрантите вели: Морето во Бангладеш се зголемува 14 милиметри годишно … каде треба да одат луѓето што живеат во крајбрежната зона? Тие се натерани да ги напуштат своите домови… Тој уште потенцира дека мигрантите од Бангладеш одбиваат да бидат именувани како климатски беглаци бидејќи со тоа не добиваат гаранција дека ќе добијат азил, па побара да се воспостави прифатлива дефиниција за сите.

Фасилитаторот на трибината илустрирајќи го примерот со граѓаните на пустина во Јордан, земја каде што жителите добиваат вода двапати месечно на шест часа, тој вели дека бегалците не само што ја напуштаат земјата поради војната, туку тие немаат храна бидејќи, за да произведуваат храна, прво мора да имаат вода. Затоа е потребна конкретна акција за прифаќање и пред се разбирање на значењето што се климатските мигрант, бидејќи ако не го сфатиме на време овој термин еден ден сите ќе бидеме климатски мигранти!