Еднаш дневно: МАК-РОК! 

97
Мој драг пријател, објави книга и постави услов или подобро речено уцена секоја телевизија која ќе го покани да зборува за својата книга да мора да пушти спотови со македонски рокенрол пред и два по неговото гостување .
Небаре е уредник на телевизијата и го креира концептот. Уредникот и новинарот ќе одлучат кои содржини и во каква форма. Тоа е напад на нивата професија, а бидејќи неколку години и работел и како новинар, сигурно тоа го знае. Се зависи од времето што можат да му го отстапат, таргетот на публика, концептот на емисијата и слично.
А не е ни официјален застапник на македонскиот рокенрол па да одредува како и кога да се експонира и промовира таа музика.
Но јас ја разбирам неговата, во случајов лошо искажана идеја. Револтот е што многу македонски рокери по нешто творат, претежно млади повозрасните одмараат, а не се застапени во медиумите.
За тоа не се само медиуми виновни. Виновен е целиот распад на системот на кој функционира нашата музичка сцена и буквално, ама буквално никој не реагирал соодветно, освен кога им секнуваале финансиите, барајќи смао пари на разни начини, но не и начин за етаблирање на нивната музика.
За тоа виновно е што дозволија целосен монопол на сцената на една две продукции, виновно е и тоа што нема промотери. А и секако, што нема некоја екстра нова рок музика.
А најбиновни се рок музичарите и оние кои се повлекоа и оние кои настапуваа на разноразни собиранки и пивофест и плескавицијади, покрај најголеми турбофолк ѕвезди. Па тие сами ја изедначиле својата музика со таа нивната
Музичарите немаа и не може да имаат лидер, никаде во светот. Затоа пак имаат начин како да се организираат преку здруженија, продукции, конференции. Зар досега не го сториле тоа? Од каде сега одеднаш сознание дека не се пушта македонски рокенрол? Ко божем до лани се пушташе.
Одамна е рокенролот за генерациите кои доаѓаат ” надминат и изживеан жанр”, атоа што бил најјак во своето време, најмногу дал, го достигнал својот максимум, и никој не може да ги надмини рок песните од 60-80 тите. Младите сега посетуваат концерти, аренби, инди, техно, да не зборувам за фолк и турбофолк…
Ние, некоја веќе средовечна генерација, најмногу што може е да се сеќаваме и да се радуваме на некоја рок свирка.
Да, чудни се рок фановите. И тие сигурно нема да го чекаат и впиваат рокот преку спотови на Тв. Смешно е и да се каже. Јас на пример знам по себе, член сум на сите можни фејсбук групи на рокенрол легенди и таму секој ден се споделуваат спотови, песни, детали, анегдоти, секој ден нешто ново дознаваш за ѕвездата. Имаш шанса дури да искомуницираш со негов роднина, соученик, личен пријател. Се е достапно.
Чудни се и во своето колекционерство. Знаат да купат некој предмет за неколку илјади евра, ма и колку стан вреден, а знаат и да подарат вреден предмет или автограм, кој многу луѓе му го побарале да го купат за баснословна сума. Еден таков предмет од светска легенда имам јас и го чувам на безбедно како на времето што се чуваа грниња со злато.
Рокенролот е најсилната фаза во музиката. Сега таа веќе е повлечена и во прегратки само на вистинските фанови.
Во Македонија има неколку стотици рок фанови и речиси сите се знаеме на име. За нас, уживање беше кога во Станица 26 се правеа рок журки, организирано од вистински скопски рокери. Веднаш се почувствува колку тие неколку стотина луѓе кои го сакаат рокот. Кои купуваа, и подаруваат. И јас сум една од нив. Можеби, како новинар, со поограничени средства за преголемо колекционерство какво што јас сакам, сосема доволно за свој ќејф.
Македонската музичка сцена воопшто е неорганизирана, расцепкана и не прикажана како што треба. И доцна се сети за таа своја состојба. Сега е доцна а и ништо не функционира. Којзнае и во иднина како ќе биде.
А, за барем малку да се реанимира не треба поставување услови, треба враќање на оние рокерски имиња, од оние од “стар ков” и нивно иницирање повторно да (за)свират и творат.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.