Еднаш дневно: НАВРЕДА? 

106
Извесен музичар од Србија пратил порака во Лидл да го ангажираат пред маркет да свири чесно да си го заработи лебот во ова невреме. Израелски пејач, мој пријател, откако почна пандемијата одржува  онлајн концерти, а едно време одеше и во болниците им пееше на пациентите. Многу од работоспособни музичари почнаа некоја друга работа. Музиката е забранета во цел свет. Како мерка за заштита од пренесување на вирусот. Народот им предложи што мисли, како да се помогнат самите себе си, зошто нивната публика во моментов не може да се помогне ни себе си не па да помага други. Многу од музичарите се најдоа навредени дека ги упатија на физичка работа. Еве и јас сум музичарка, и тоа мнооогу успешна, ако се земе дека од првото станување на официјален фестивал освоив Гран при и години потоа триумфирав  и освојував награди, чисти без грам сомнеж, па доколку ми предложат физичка работа од типот пасење и молзење  крави и овци, веднаш ќе ја прифатат. Барем во неколку денови колку ќе биде тоа изводливо за моето не баш сосема солидно телесно здравје и кондиција. Тоа не е навредливо, напротив, благородна работа е. Да не би била благородна работа во мојата посета на Германија немаше најголемиот Благородник и доколку Германија беше монархија сигурно ќе беше  монарх, да ме однесе во својата супер модерна штала во која тој и семејството одгледува расни крави, на имот простран на над 20 км. Родни ниви и ливади. Благородник кој со најголема радост зборува толку за тој свој дел од “бизнисите”, а живее во скромна и прекрасна куќа на еден спрат. Мене секогаш ми е тој човек за восхит. Впрочем, и Северна Македонија има премиер кој и самиот бил и се уште е земјоделец.
Но,и ако и покрај ова не убедив никого да ја промени својата себерцепција  за спас и достоинствена заработка, еве нека почне со онлајн концерти од по макар  едно евро. Вистинските обожаватели секогаш ќе си ја платат својата услуга. А и така ќе може да си преброи колку всушност вистинска публика има.
Уште под ра идеја, зошто да не се договорат со приватните болници тие да ги пренесуваат нивните   концерти, кога веќе пациентот плаќале суми кои ние се уште не ги веруваме и мислиме некој не лаже. Знаеме дека на човек кој се бори за живот не му е до музика, но приватните болници на тој начин ќе ги спасат и музичарите, кога имале толкави енормни  суми на пари.
Дури и да не ги емитуваат нивните концерти со пуштен звук, само нека ги платат. Кога веќе никако и никако не ги намалуваат цените за пациентите барем со наталожените пари нека помогнат некому.
Морбидна е целата ситуација во која се наоѓаме, но и среде оваа ваква атмосфера, мора да бараме чесни начини за спас. Зошто многу поголема навреда од чесна работа е нечесен дар, односно дар преку ред, зошто не е време ни можност за дарување, туку така.
А и ако е навреда да се биде овчар на пример, исто е навреда овчар да ти е обожавател, да создаваш музика која овчар да ти ја слуша, навреда е да се свири пред овчар во било која прилика, навреда е овчар да ти купи билет за концерт или албум, навреда е да се земе бакшиш од овчар, ама не, навреда над сите овие навреди е да се бараат пари од државата, од давачките кој овчарот си ги платил кон државата со својата чесна овчарска работа.
А може и на овчарот сега ќе му е навреда на музичарот да му даде од своето сирење и млеко, дали со пари, дали без. И неговиот глас треба да се слушне, да слушнеме што мисли и Неговото Височество – производител на неопходни производи за живот .
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.