Еднаш дневно: ОПУШТЕНО И НЕГАТИВНО! 

116

Знам дека “секојдневните” луѓе имаат по некој свои идол од ТВ, но уште веднаш би сугерирала во тоа идолопоклонство да имаат една голема задршка, да закочат убаво, и идолизирањето да не премине во ништо друго освен во една мала симпатија од ликот од другата страна на екранот. И ништо повеќе. Да не го копираат во приватниот живот. Без оглед дали е од машки или од женски пол.

Ретки се оние кои вреди да ги копираш и приватно.

Идолите најчесто се интересни во тие нивни минути на “јавна сцена” и кротки како јагниња, но во приватниот живот се диви ѕверови, подготвени да растргнат се во интерес на својата суета, амбиција, и своето семејство, и сопруга и сопруг и партнери и деца, да си ги остават родителите и да не ги ни побараат со месеци … Фолиранти, без искрени чувства.

Тие се ставени во его – трип и чинат се за да се реализираат нивната желба за “пет минути слава” , немилосрдни се, особено кон најблиските и пријателите. И непостојани во многу работи. Кај голем број од нив, во мозокот е настаната една голема и долготрајна мачнина, ако се под влијание на лесни и тешки дроги, затоа се и агресивни и нападни, или ако се оддаде и на пијанство, пороци, коцкања, уништување, продавање на своите станови. Има случаи кога големи идоли останале буквално на улица и молеле само некој да ги прибере да имаат покрив над глава. Макар за една ноќ.

Мој познаник има аверзија кон познати личности, само заради еден случаен гостин во нивниот стан, пред повеќе од 20-тина години, сега познат актер и тв лик, а тогаш бездомник, од друг град дојден во Скопје. Им бил гостин преку неговиот брат, и вели дека дошол со “рацете во џеб”, му ги користел не само пижамите и пастата за заби, ами и четкичката за заби. Кога тоа го забележал се избезумил. Цела недела гостинот најладнокрвно си се користел со туѓа четкичка, а штом го опоменал, се насмеал неартикулирано и му дека морал, зошто своја немал. Но, затоа пак имал навика парите од хонорари да ги потроши за своите пороци да ги задоволи себично и стрвно, уживајќи дроги .

-Поминуваше низ невидена домашна сиромаштија, сепак тоа не го оправдува неговото недостоинствено и негативно опуштено однесување во туѓ дом, се жали и ден денес домаќинот кој укажал големо гостопримство, но има само лоши спомени од гостинот, кои го оттргнале од сценската уметност само поради оваа случка.

Ова е само еден мал пример. Бидејќи сме мала земја и за секој се знаат речиси сите пороци. Но, останува фактот и дека подобро публиката да ги знае само во сценско издание, зошто ако до неа допрат вакви информации, тие веќе никогаш нема да се идоли, а секако и никогаш нема да се позитивни примери.

Нема да се воопшто примери…

ПАРГО

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.