четврток, април 25, 2024
домаКолумниЕднаш дневно: СЕЛOНАЧАЛНИК!

Еднаш дневно: СЕЛOНАЧАЛНИК!

Не знам дали новинарката намерно така ја беше срочила информацијата, во истата реченица прво да делува растревожувачки, за на крај утешително, но да, во првиот дел спомна дека општина Охрид планира нови триесеттина нови вработувања (се разбира непотребни, да не напоменувам), но се на се пресметано по глава на жител општината вкупно имала по еден општинар на илјада жители. И тоа на крај делува како речиси ништо, е што е еден на илјада?!
Така е описно кажано, конкретно и во реаност е баш вознемирувачки. Вознемирувачки е што тие триесеттина плус годишно ќе не чинеле четврт милион евра или за полесно да ви е, над 200.000 ерва плус. Е, за уште полесно, тоа е еден убав стан. А што е еден убав стан во однос на среќата на триесет живи луѓе.
Господа! Навистина е прекрасно што некој ќе се израдува на работно место и плата, ама бидејќи се е баланс во Космосот, со тоа автоматски ќе се повлече еден друг дисбаланс- колку што еден зема административна плата, толку друг мора да ја внесе таа сума во касата, а најчесто тоа е оној кој нема примања и е изложен на преживување, на плаќање на даноци од своите броени, недоволни пари и мачно заработени пари. Имајте милост.
Господа, вие кои се заветивте дека ќе  ја чешлате, ретчите, престројувате администрацијата и општинарите, смалете доживување. Доволно ги има старо- партиски војници, засилени со плус уште нови партиски војници. Ма, душа веќе немаме.
Но, не е само тоа проблем, платата како плата. Знаете ли колку од тие претежно млади луѓе по само 2-3 месеци закржлавуваат и умствено и телесно бидејќи работно време има, работа нема, столче ако фати наутро во пренатрупани канцеларии со дефицит на канцелариски мебел, и колку многу брзо ги пука психа? Па не е човекот скроен да седи на столче осум часа, да гледа во ѕидови или на компјутер, исобено ако е маж, здрав маж, со машко тело полно со енергија.
Проблемот наместо да се решава тој се продлабочува. Па во оваа збунка ми дојде една идеја која можеби ќе може да помогне, а и сигурна сум.
Ако веќе вработувате, а меѓу нив има многу луѓе од селата кои секој ден ќе треба да патуваат натаму, наваму, или да изнајмуваат станови, зошто не се донесе една корисна функција селоначалник/селоначалничка?
Нешто како “градоначалник на село” , и тоа во секое село. Прв човек, кој ќе го организира, следи, забележува, помага, овозможува и менаџира селскиот живот и проблемите на своите соселани, и ќе ги доставува забелешките официјално до службите, на едно службено ниво.
Знаете ли тоа колку ќе им користи и нив и нему, а и на државата. Колку само ќе ја зајакне општествената средина и сигурност. Да имаш кому да се обратиш за било што поврзано со државата. А, ете да си ја одработува платата чесно и активно, да биде од корист и да има функција.
Секако, функцијата селоначалник не е ништо помала од градоначалник, кога би бил избран достоен претставник/ службеник. Зашто меѓу селото и градот единствена разлика денес е бројката на населеност, друга речиси нема, а и еден селоначалник на илјада луѓе(па и помалку), ти доаѓа онака, со мерак да го плаќаме. Ќе го живне селото, ќе го освежи и врати во Живот.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ