ЕДНАШ ДНЕВНО: Солзите на една жена не смеат да се на телевизија!

0
138

Пишува:Валентина Ѓоргиевска Парго

Болката, колку е тежок дури и како поимот, јас за прв пат почувствував читајќи го романот “Сидарта”, на генијалниот Херман Хесе, еден од најалегоричните романи на светот, кога во еден дел мудрецот на главниот јунак, славниот духовен водич, кога е мало момче, растено во стаклено ѕвоно се обидува да го запознае со болката како чувство, момче кое никогаш не ја ни почувствувал и не знае што е тоа.
Тој поим, и за мудреците на човештвото се чини е најтешкиот предизвик, дури и некогаш кога се живеело поспокојно
А замислете денес, ние освен што не можеме да се одбраниме туку трпиме не само свои, туку и туѓи болки.
Најпоразително е што, не научивме како да ја намалиме, избегнеме и ублажиме својата болка, а туѓата како да ја почитуваме, ако не можеме да помогнеме.
Денес е Десетти декември, Ден на човековите права. А, воедно, денес завршуваат активностите кои се водеа според оние запишани 16 денови кои треба да нѝ апелираат да не се причинува болка на жената, Носителката на оваа Планета.
Но, и Ден кога многу жени ќе ги натера одново да се потсетат и да ги преживеат своите болки и страдањаа низ кои минале. А не морало да е така.
По тој повод бев поканета да зборувам на панелот со симболичен наслов – Низ сивите очила на правадата, организиран од две дами: Вики Димчевска и Тијана Ристовска. Па така, во ЕУ инфо центарот, говорев како независен новинар кој своевремено објави серија стории со лични искази на жени – жртви на секаков тип на насилство.
Најпрво сакам да ѝм објаснам на колегите новинари дека не е тоа “и јас сум пишувал, или и јас сум снимал жена жртва”, откако ќе се случи инцидент. Тоа е редовно покривање на настаните. Од Редакција каде ќе те пратат таму ќе одиш. А на уредниците да ѝм порачам дека треба сериозно медиумите да се зафатат со оваа за жал сѐ поприсутна пролематика.
А, она што јас го одработив, почна случајно, по еден тренинг на “Национална мрежа против насилство врз жени” и овде и тука најпрво чувствувам за обврска да изразам почит кон госпоѓа Савка Тодоровска, која ја отпочна кај нас целата мисија.
До пред некоја година признавам и јас не ни знаев дека едноставно постои толку масовно “насилство врз жена”. Јас бев галена жена од сите страни, со повремени неправди со кои не можев да се сносам бидејќи не ми беше јасно зошто тоа се случува. Најмалку од сѐ е да помислам дека тоа е одговор на севкупните општествени ситуации и заплеткани видови на насилство врз жена, мобинг, потценување, кои се наталожиле и на кои не е имуна ниедна жена, а многу жени тоа тешко го носат на свои плеќи …
Кога почнав да пишувам, најдобро во сето тоа беше што сфатив дека за сѐ што се случува наоколу со жените, виновен е нивниот молк и требаше да ги одоброволам да почнат лесно да ми пристапуваат.
Следно беше што точно ја проценив поголемата моќ на независен, отколку вработен новинар кој може послободно да пишува (со ризик да бидам евентуално шиканирана или тужена) но го презедов ризикот потпирајќи се најмногу на најсилниот адут – тогашната директорката на Новинари за човекови права, Наташа Доковска која што одлично плива(ше) во тие води, а нејзиното пребогато искуство со независна работа и релации со странски граѓански организации ми овозможи една голема новинарска слобода, една ширина како океан. И таа, а и уредничката на текст.мк Александра Радевска двете без никаква и најмала интервенција, дури и во интерпункција во моите текстови, но со голема и значајна поддршка од програмскиот директор Филип Спировски, ми овозможија и неможното да стане можно.
Првиот проблем го елиминирав, понатаму сфатив дека како “безопасна”, (некоја која работи во мал портал) нема наеднаш да предизвикам реакции, како и дека додека некои евентуално се мобилизираат против мене, ќе помине време, во тоа време ќе ги истерам моите замисли.
Како ситна вода која прокапува ја оставаш за средување, утре задутре, а голема кога ќе бликне силно веднаш презема мерки… Јас бев “ситната вода” во случајов и “капев”.
Кога тоа го решив, следуваше размислување околу концептот и пласманот на исказите. Тие не смееја да бидат како полициски записник, зошто ќе беа крути и никој нема да ми ги чита, а ако мора да бидат сликовито прикажани како приказни, и во нив како основа суптилно “вметнат” проблемот, за да моите читатели лесно ги воспримат и и темата да се пробива.
Ино она што беше најтешкиот дел, беше успешно сокривање на идентитетот, без оставање простор за нималку можност за идентификација, од страна на читателите, а сѐ да биде базирани на вистински случаи. Иако во неколку од нив некои и се пронајдоа. На пример, едено момче на мајка си дури и пратило линк велејќи “прочитај мамо, ова како за нас да е”. А таа му одговорила, “зар само ние имаме такви проблеми” . А момчето беше во право.
Тоа почна да се работи и по едно стотина лични приказни почувствував замор и исцрпеност, зошто не е нималку едноставно да вршиш работа на истражувач,” инспектор”, новинар, и на крај како што жртвата во тебе гледа спасителка и бара и невозможнаи работи, не смееш да ја разочараш затоа што таа нема друг потпирач.
И ден денес во моето сандаче стигнуваат искази на жени во мака, но за среќа има и други медиуми поголеми и веќе со пошироко отворени врати, па жртвите им се обраќаат за помош…

Сето ова го набројав со цел да потенцирам колку е важно секоја Редакција да има новинар, кој подготвен кој би се посветил на оваа тема, а на тоа се денес се надоврза прашањето на место од младиот новинар и правник, за тоа дали е дозволено и етички камерата да ѝ влегува во најголемите тајни од страдањата на една жена, во лоша материјална или здрсвствена состојба? Нему, со право, не му се допаѓа кога на некои социјални емисии се покажува идентитетот на жена во неволја, па дури и како таа плаче.
Без никаква задршка му одговорив дека „Солзите на една жена никако не смеат да се пред медиум“, никако не смее да се намали и наруши нејзиното човечко и женско достоинство, и никако не смее да се злоупотреби ситуација во која таа се наоѓа.
Се што е надвор од овој контекст е само затоа што недостигаат едуцирани новинари и медиумски лица за оваа многу суптилна и болна тема, која кај нас е и маргинализирана.
Основните новинарски правила, особено во вакви случаи, мора да бидат максимално запазени, импровизации не се дозволени.
Луѓето со проблеми не се за медиумска атракција.
Од оваа дистанца ќе кажам дека не е лесно да сослушаш жени во неволја и кај мене тоа се одрази и на моето здравје во одреден период. Во себе истото го поминуваш што и таа, освен физичката болка.
Понатаму, како што денес кажа младата активистка политиколог – бранејќи ја жртвата, наскоро и самата стануваш жртва. Тоа е точно. Наидуваш на отпор, на разни коментари, притисоци, кои мора да ги занемариш ако сакаш да ја изведеш правилно својата задача. И постојано учиш, и социјала и и правни работи, нема запирање.
Понатаму, сакам да споредам дека забележав и кај нас се пишуваат и доста книги (финансирани) на таа тема и тоа е убаво. Но, жена жртва најчесто и нема пристап до таква литература или нема време и волја, поради својата ситуација.
Само мас-медиумите може да ја истераат работата како што треба, стручно и како што кажав со новинари едуцирани за ова проблематика.
Кој е насилник кај нас? Системот, околината, предрасудите, мажот кој има моќ, мажот кој има психички недостатоци, пороци и или лоша финансиска положба…Колегите, роднините, блиските… Сакајќи или не. И сите тие имаат силна моќ со кои жената треба да се справи.
Многу зборувавме за улогата на медиумите, едуцираноста да се препознае насилство, да се реагира, за улогата за женската солидарност. И на тоа треба многу да се работи.
Заеднички.
Но згора на сево ова ќе ја запаметам и имам на ум идејата на господинот Сашо од “Ин Виво”, како денешна завршница-тој даде точна констатација дека женска солидарност нема да ја подобри состојбата и улогата на жената, додека на неа цврсто не се приврзе и машката солидарност кон жените. Полн погодок. Зошто жените колку и да се трудат и дадат сѐ од себе, многу работи сѐ уште се зависи од мажите, и нив треба да ѝм се отворат пошироко очите, дека тие се тие кои навистина речиси најмногу можат да и помогнат на една жена. И на сите жени.
Првенствено, од своја страна да направат колку што можат на жената да не ѝ создаваат проблеми и ситуации од кои таа ќе страда, а да ѝ помогнат, кога има потреба од тоа.
Десетти поминува. Но, продолжуваме со оваа тема и понатаму. Има потреба. To be continued.