Еднаш дневно: СРЕДЕНА ОКОЛИНА 

43

Сега, во периодов на пандемијата, кога веќе сите увидовме каде грешиме (но тоа не значи дека автоматски се поправивме), може заедно да се обидеме навистина да се поправиме. И да го направиме делот од животот кој ни останува, многу поубав и посреќен, а со тоа и да оставиме посреќна трага за оние на кои светот ќе остане.

Главни предуслови за среќа се – слободата и среденоста. Подеднакво, и почитување култот кон овие две нешта.

Среденост на секој план, од личен до општествен. Среденост и на животната околина.

Да би имала можност да креирам некој поширок општествен концепт јас неделата би ја направила задолжително барем два часа за секој од нас општествено корисна работа, особено ние што живееме во градови. Тоа би значело, како најлесно достапно хортикултурното уредување, и грижа за местото каде живееме, паркови, површини, тревници. Затоа што би било корисно и за личното раздвижување на луѓето а и за чистата околина.

Следно мое видување и би рекла главно видување, е тоа што луѓе кои поседуваат голем физички потенцијал а се преку целата недела “заклучени” во своите канцеларии, на компјутер, и не може таа енергија што ја поседуваат да најде канал како да се реализира, па останува заглавена во нив, а енергија било творечка или мрзлива не смее да остане заглавена, штетна е по однос на тој што ја поседува. Џабе се вежбањата во теретана, не е тоа природен начин на отфрлање и регенерирање на природната енергија. Таа бара контакт со самата природа, за да се врзе на природен и корисен начин.

Дури и јас да би се прашувала канцелариската работа, во некои среќни човечки времиња, би ја оставила само за лица кои се со одредени здравствени или телесни проблеми или ограничувања, или постари, за да може лесно да ја изведат. А физичката работа би ја дала на работоспособни лица со физички потенцијал, за да ем се корисни, ем тие да не запаѓаат во депресија од работа во четири ѕида, кога веќе можат и поинаку.

Во неделите, кога (градски) човек се посветува на себе си и на своите мисли и планови, добро е да не заборави да се посвети и на почитување на својата лична слобода, и слободата на другите. Како и на животните. И тие се слободни суштества, природата така определила. Затоа, најмногу што може да направи за себе е слободно да размислува во позитивна насока, а најмалку што може да направи е во неделите (како и секој друг ден) да не наврати во зоолошки градини, како јасен симбол на што тоа човекот најзлобно направил од слободата на невините животински души.

ПАРГО

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.