Еднаш дневно: ФЕЈСБУК ШАНСА!

0
128

Многу голем број на добри и одлични музичари често ми се жалат дека немаат предизвик зошто би снимале, дури и во своите студија, иако имаат неодолива желба, кога нема каде да ги промовираат своите песни, нема ниту релевантна емисија, а ни пак интерес од страна на телевизиите.

Тие си го бранат ставот дека не им е местото во утрински емисии, каде најмногу им се дава можност понекогаш, зошто во најчести случаи тие се млади и сакаат да ја освојат помладата публика. А обвинуваат и дека тв уредниците не им ги објавуваат спотовите и песните што им ги праќаат преку меил, дури и никогаш не добиле одговор. Или добиле дрзок одговор да си ги промовираат по портали, на фејсбук, а не на ТВ.

Без разлика што тие песни и спотови се професионално снимани со млади автори кои студираат соодветно на Факултети за тоа.

-Ама знаете, ми се жалат, на иста телевизија се емитуваат само одредени спотови, ако треба и по неколку пати на ден ги репризираат, за нашите нема место.

Некои од музичарите и кога правеле промоција и свирки или концерти, и уредно поканувале медиуми, новинари и екипи пак не им доаѓале.

Засега така стојат работите и кога веќе има монополизитаност и неразумност, музичарите треба само да си промоцијата на своите фејсбук профили. Многу од нив летаргични и со одземена волја, ни на фејсбук не ги шеруваат своите песни.

Но Александар и Дац покажаа како до фејсбук промоција може да се биде победник и без телевизиска поддршка. Кој всушност па и ја гледа и слуша оваа музичка формација на ТВ? Никој. Сите ги чекаат и следат на фејсбук.

Тој тип на промоција сепак бара малку повеќе и самозалагање, но дава резултат. Поспоро, но функционира.

Многу музичари кои имаат доста спотови и снимки ја пропуштија шансата за време на карантинот да ги стават на профил, кога сите беа дома на компјутер и следеа што ќе се објави на фб.

Фактички, состојбата со статус кво на музиката ќе продолжи уште некое време можеби и неколку години. Затоа е добро да се искористи и оваа каква таква шанса, за постојано промовирање на своите спотови на фејсбук.

Можеби и со таа таква упорност уредниците на телевизии ќе сфатат дека музиката на македонските творци е за презентирање пред јавност, а тие покрај тоа и да сфатат дека имаат обврска да го поддржат тоа. Колку и да даваат некој чуден и нејасен отпор, кој никако не им е на место. Јавниот простор треба професионално и ферски да им се отстапи на  јавните личности, а секое кочење, сопнување  игнорирање, зар мислите носи добро?

ПАРГО

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.