Чувство за осет.
Лични перформанси.
Смиреност кон публика.
Пасивна активност.
Поезија во движење.
Мудрување во “мирување”.
Чудесно чуден.
Есенција на македонскиот рокенрол.
Префинет рокенрол напаѓач.
Перфекционист.
Умее лесно да ги однесе зборовите токму каде им е место, налик што и ветрот со пустински песок
Внесува геометриска прецизност на зборовите, преточени во рок-филозофијата.
Во дијалог со постоењето.
Систем.
Раскажувач.
Опејувач.
Филизофски рингишпил.
Икона на рок лириката.
Платон од нашето маало.
Диоген, вдаден во потрага…
Хемингвеј на новото време.
Стоиш в место, а се движиш. Се движиш, а се враќаш во место.
“Искрењак” на прав музички пат.
Испитувач на душата.
Гласноговорник на реалноста.
Трагач по музички архангел.
Сочинение од возбуда, поезија и рокенрол.
Дефиниција сам по себе. “ВРТЕВ” !
ПАРГО