“Докторот е  волшебникот на нашиот живот. Докторот е продолжена рака на Бога. Подадената рака на БОГА кон луѓето.  Докторите! Токму тие ја имаат чудотворната моќ на продолжување на нашите животи. Секој ден, одново. Ја имаат моќта да бидат полубогови, полулуѓе. И не смеат да ја заборават својата моќ ни за миг”, еве вака јас ги дефинирам докторите.
 Но, ова се однесува за оние доктори /медицински лица, кои ја согледале таа своја животворна  сила, од една, и одговорноста на својот својот бел мантил, од друга страна.
Би им забранила со закон да се дружат “онака” со луѓето, освен со својот еснаф, да трошат беспотребно зборови, време и чувства, да коментираат на фејсбук и социјалните мрежи  било што онака, освен кога треба да споделат строго некој докторски совет.
Најстрого и со закон, и со закон над сите закони, би им забранила да имаат членска книшка, и било каква директна и индиректна врска со било која партија. Здружение (кое не е еснафско), сојуз, банда. Тие не треба да се трошат на “што да е”, да се полнат со омраза, предрасуди, одмазди, гнев, реваншизам, озборувања, да прават табори шеми, коалиции. Тие се над тоа, над тоа по силата на своето второ реално “јас”.
Тие треба само и само да ја спроведуваат својата професија! Зошто, помоќна од нивната нема.
Тоа треба најпрво да го сфатат и самите, и ако го сфатат и не отстапуваат од тоа, тие ќе бидат волшебници на нашите животи.
Затоа и треба да ги уживаат сите привилегии и почести од луѓето, секогаш и во секоја прилика. Битни ни се, понекогаш и најбитни ни се!
Но, прво нивното кон нас , потоа нашето кон нив.
ПАРГО