Човекот кој се грижеше за црквата Света Софија, каде јас тоа време работев во “Охриско лето” , а подоцна стана и моја дипломска тема, еднаш го прашав што значат скалите на сред црквата (и нив ги тргнаа некои чудни луѓе на функции ). “Украс ли се?” Ми рече дека тоа се најубав украс, остатоци од разни периоди, кога црквата била те црква, те малку џамија и што ме, но во симболична смисла ја пренесуваат најглавната духовна порака на постоењето, дека колку човек е подуховно настроен е повисоко на тие скалила и е поблиску до Бога, а колку повеќе е по материјалното е на пониските скалила. Значи, сам нека си избере на кое скалило ќе застане.
Не велам дека сите кои се материјално слаби се духовно богати, но дефинитивно сите кои се по материјалното, се духовно посиромашни.
Што му треба на човек за да е среќен? Здравје за себе и најблиските, облека да не му е ладно, јадење да не е гладен и една соба, со маса и кревет.
Што му треба на едно семејство? Стан или куќа за секој да има барем по една соба (заработен со чесно, плата, продажба на имот, нива, наследство )… . Два стана се многу, три веќе премногу. Викендица е во ред, некоја скромна во блиска или подалечна околина, или во месото каде му се корените. Превозно средство ако му е потребно, ако не јавен превоз. Еве јас не сум возач и немам свое возило, нема ни да има, а секаде сум стигнала каде сум наумил, дури многу подалеку од многу луѓе кои имаат скапи возила и секоја година плаќаат регистрација, и рата за автомобил, и гориво и не им останува да прошетаат екстра, а автомобилот го користи неколку пати годишно/месечно. До овде до онде.
Да бидеме практични. Да имаме убав, солиден, навремен превоз. И да живееме човечки и скромно.
Не мора да заглавување со купување на станови. во туристички места. Да се има па стан вишок е желба на оние кои сакаат да го издаваат и да земаат пари “на готово”. Побогу зошто се хотелите. Со тие пари од некој 30-40.000 евра кои ги даваш за стан во Охрид, Струга или некаде на одмор, цел живот можеш да летуваш во разни места и држави и да имаш многу побогати доживувања.
Да сакаш да имаш плус стан во ист град а да земаш кирија од други луѓе, тоа значи да му го одземиш неговиот стан. Проста математика. Ако тој ти плаќа месечно 100 евра, годишно, 1200, за 10 години 12.000 за 20, 24.000 евра, значи дека за 20 години ти си му го зел неговиот стан и си купил плус уште еден за себе?
Зошто сето тоа?
Државата мора да ограничи во колку станови може и треба да живее еден човек. Не само со повисоки даноци за дополнителните станови, туку и со она златно правило што некогаш важеше, кога сите горе долу бевме исти – имаш куќа врати стан! Ќе биде многу поубаво за сите.
ПАРГО