Православниот официјален влез во 2021 година (Среќна да ни е! ) го дочекавме со нов скандал низ медиумите. Нов обид за да се вознемири јавноста.
Ох, како да нема празник да не не деранжира баш некој ваков лик кој, што би рекле ресенчани, “не е баш за машала”.
Овој пат станува збор за извесен бивш директор, сопруг на извесна административна работничка, која тој во својот очаен јавен повик ја нарекува фотошоп барбика (барбика е негов опис, од кој се оградувам).
Ја обвина дека не била присутна ни на 17от.роденден на нивната прва ќерка, која тој ни се пофали го славел со двете деца цели пет дена во нашето монденско зимувалиште “Молика”. Понатаму, истакнува, дека таа, “фотошоп барбиката” се оладила од него откако повеќе не е директор и не може да и ги исполни мегаломанските потреби.
Потоа, сосема нејасно и невклопливо во ситуацијата упати повик до јавноста да се сакаме и гушкаме (повторно се оградувам), на кој повик следуваше шегова забелешка на дама на фејсбук- “Гушкање? Па ваков обеспарен ни јас не го сакам” (малку да се насмевнеме) .
Канонада од критики, смешки и погрдни описи се упатени за оваа двојка и за мажот, и за жената која се пожали дека децата и биле на удар.
За жал така е. Не само нејзините деца, со ова се на удар сите деца кои на извесен начин се запоставени од вистинска родителска грижа, и покрај присуството на родителите.
 Не е некоја мудрост ако кажеме дека децата најголеми трауми можат да понесат само и само од своите родители, тие се основата на нивниот живот. Тие се како кревко цвеќе кое родителот може со еден чекор да го згази и смачка, ах тоа убаво кревко стебленца.
И не е голема мудрост ако се знае дека жената треба постојано да е посветена на децата, на домот, на сопругот. Да обрнува внимание првенствено на нив. А потоа ако остане време и на својот изглед, шминкање, фризирање, затегнување на мускули, иако во денешно време многу жени дури се разубавуваат со пластични операции (но паметам при една службена посета на Дрисла каде кршеа пиратски цедиња, шефот рече дека пластика мора да заврши вака, не запалена ами оладена и  искршена,  да ја запалиш ќе имаш зијан, загадува).
Родителите треба да ја одржуваат менталната хигиена и да го чуваат своето психичко здравје.
Сето тоа е стара тема и нема збор колку најважна, толку важна што дури и најголемиот злосторник Адолф Хитлер обрнал внимание во својата книга “Мојата борба” дека жената откако ќе стане мајка, таа целата својата сила и грижа мора да ја префрли на чедото, и нејзиниот живот е во втор план, во однос на детето.
Акцентот во овој случај ние го ставаме на општествената димензија. Станува збор за мошне висок  функционер на една од најважните државни институции. Човек кој мора да биде и остане пример и по официјалното  завршување на таа функција.
А што претставува таа функција? Место кое може да му припадне на едуциран поединец, со најголема стручна подготвеност во таа област, најголемо психичко и физичко здравје. И ако е семеен, човек со здраворазумно семејство, во секој поглед.
 Од друга страна неговата општествена одговорност е поголема кога нема да биде функционер.
Што ли сакаше да каже дека сега не може да и ги исполни мегаломански потреби на својата “фотошоп барбика”? Кои се тие мегаломански потреби што може да се задоволат со опшествена плата издвоена од народот?
Неговата плата подразбира дека тој ужива убави услови за работа, топла канцеларија, солиден и квалитетен превоз, добра храна, добра облека, добар годишен одмор за семејството, добро зимување, поголеми новогодишни пакетчиња за своите деца, но кои се мегаломански потреби на жена кои биле плаќани со општествена плата? Во земја во која сиромаштијата како ураган разнесува семејства, бракови, здравје, во земја во која секое семејство има искуство со извршители, и има кредит за задоволување на основните потрепштини, во земја во со смс пораки се собираат пари за лекување на болни (некогаш среќни, некогаш несреќно собрани), извесен директор со државна плата задоволувал мегаломански потреби на сопруга? Лекувал ли нејзина тешка болест? Што е таа по професија? (ако се водиме по коментарите била фризерка од Кисела вода, која на сомнителен партиски начин станала административна работничка)? Кои се нејзините потреби? Еве, да не нагаѓаме, јавно го прашувам поранешниот функционер, зошто одговорноста кон народот и државата не е пластика која треба да заврши со дробење на Дрисла, тоа е прашање во кое ќе мора да ни даде  одговор денес или по децении. Или, до денар од државата што ги зел, ПАРИТЕ ДА ГИ ВРАТИ !
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.