четврток, април 25, 2024
домаКолумниЕднаш неделно: СИРОМАШТИЈА

Еднаш неделно: СИРОМАШТИЈА

Утрово, наидов на морничава вест – баба и дедо живеат и страдаат во невидена беда во планинското село Алгуња, во маалото Татариновац, во Општина Старо Нагоричане на самата македонско српска граница. И нема што да јадат, во пресрет на студениве зими. Тоа не е ништо ново кај нив, ниту кај градоначалникот во општината (не може да не знае какво население му живее и кој за што страда) не е ново за читателската публика. За поздравување е моментот што во последно време се повеќе медиуми почнаа да пишуваат за овие најгорливи теми, и кога за нив властите “мува не ги лази”, може ќе се најде некој хуман граѓанин или организација што ќе интервенира ургентно, и ќе помогне.

За некого тоа не е голема помош, ни нешто посебно, а ќе помогне многу. Плус, ако има добро возило ќе си направи мерак со една убава викенд прошетка по тој убав крај.

Читајќи го ова се потсетив на една информација што ја имам слушнато од прва рака. Една наша јавна личност, не така одамна, за својата матура немала што да облече и позајмила фустан и чевли од пријателка (кои никогаш не и ги вратила). Малку е со незгоден карактер и јас се сомневам во нејзина добронамерност, секој нејзин гест чинам имам позадина за таа нешто да извлече од тоа, или за популарност, но ја поздравувам нејзината активност сега кога може некому да даде и таа, одвреме навреме иницира акции со предзнак “хуманитарно”. И добро е тоа. Величествено. Треба сите (да почнат) да се движат во таа насока. Да ја сузбиеме сиромаштијата. Таа е многу лоша владетелка. И не мирува. Но, човекот може да и застане на патот. И мора!

Зошто: Кога некој е сиромашен и нема за леб, а вие не сте, но не не помагате, неговото (енергетско) зрачење кон вас е разорно!

Неволјата, можеби во некоја друга форма, ќе тропне и на ваша врата. Да не се дозволи!
ПАРГО

RELATED ARTICLES

Most Popular