“Телевизијата е скапа играчка” , рекол некој паметен и искусен ТВ творец, и досега нема аргумент што моја да ја побие оваа вистина.

Ако се погледнат архивски снимки од почетоците на телевизијата, која исто така ја нарекувале “магична кутија” , сте доживувале еден вид на екстаза и чувство на лебдење, покрај сите тие одбрани ликови, убави како од калап, со талент, со прекрасен изглед, среденост, фризура, шминка, убава дикција, со шарм, со привлечност, со младост, со некоја посебност во себе. Комплетна фасцинација!

Зачинот што фрлал магичен прав и ја правел таа магија било што до нив можеш да допреш само преку екранот, нешто што предизвикувало илузија, фантазија, сон. За луѓето, тие биле совршени луѓе.

Се разбира и самата димензија на телевизијата го правела тоа. Особено во црно бела техника, кога навистина било некој друг свет.

Појавата на колор телевизорите навидум ја подобрило магијата, на кратко, но на подолги патеки ја уништило. Веќе станата уште една реалност, компатибилна на реалност и не ја предизвикувала истата возбуда.

Скапото во телевизијата се сите тие максимални вложувања во целокупната “магија”, од технички и човечки ресурси, од осмислувањето на секој миг кој мора да привлече, и да предизвика едно пријатно дразнење кај гледачите. Телевизијата, во комплетна форма својот процвет и максимум го доживеала во седумдесеттите. Потоа, се е повторување, копирање, нешто дежа ву, изживеано.

Како медиум, најсилно се држела до пред едно дваесет години, кога на сцена стапи нешто уште помагично, интернетот, и кога од ден на ден видовме дека неговите чуда се многу поголеми од оние на екранот.

Откако врвните творци на ТВ мајсторија кажале што имале, малку по малку збор им дале и на тие од другата страна на екранот, па така почнале и со преноси во живо и со контактни емисии. Сметајќи дека на тој начин ќе направат уште еден голем чекор кон ” вокс попули” и ќе овизможат уште една колективна катарза на народите.

Ти си еден обичен човек, не си како тие  во кутијата, но наеднаш си станал дел од тој свет, кој те пленувал и вознесувал. Ихххххх какво задоволство.

Некако, според мене тоа е и огромната грешка, ако јас се прашувам никогаш не би ја дозволил.

Имаш новинари, имаш агенти, имаш инспектори, организации, и кога тие би си ја објавувале работата како што треба, се ќе е навреме скенирано, детектирани, пријавено и решено. Ако се сака.

“Вокс попули” на се уште најмоќниот медиу мтелевизијата не решил ништо битно, или многу малку, и го сметам за најзалудно потрошено телевизиско време. За кај нас посебно.

Од една божествена привидност се дојде до една привидна измама, една лага и “фатаморгана” за обичниот човек, кој што тоа учество на тв од другата страна на линијата, мисли дека е многу важен и дека неговиот глас нешто одлучува, дека ќе си го реши проблемот, но на крај ништо.

Не само што тоа ка расипува магијата на екранот, внесува недоличност,  и нервоза и кај другите гледачи.

Ако во Македонија постои Агенција која ги следи медиумите, наречена Авму, а која јас се уште мислам дека е мит и не постои, тие програми треба да ги забрани во ист момент. Без размислување и без ставање на предлогот на дневен ред. Веднаш!

СТОП. Народот не заслужува такво понижување. Во тие емисии главно се јавуваат веќе истите луѓе кои навистина си имаат некаков проблем, и кои сакаат да зборуваат за тоа, но кој проблем со јавување на тв никако не може да се реши, а и неретко наидуваат на потсмев. Затоа што: Водителот или водителката не се стручни да ги упати каде треба да се обратат, водителот или водителката не се стручни на сите теми за кои се разговара, водителот или водителката не се стручни да разговараат со нив на ниво на кое тие, а и гледачите пријатно би се почувствувале, и на крај не е стручни и подготвени да им ја ублажи тегобата со збор (за што е потреба и соодветна психолошка едуцираност).

Едноставно се искористува личната мака или дијагноза на јававачите за да се пополни тв простор и со тоа да се изврши едно искористување врз нив, за кое тие самите не се свесни, а некој перфидно со тоа си ја зголемува гледаноста, “рејтингот” и на крај главната цел-рекламите. Односно просто кажано, си го полни џепчето на маката на луѓето.

А бидејќи ништо од тоа што не може да се реши на тој начин , луѓето преминуваат на последното расположливо средство – колнење, со надеж некоја невидлива сила ќему се одмазди во негово име на замислениот противник кој мисли му ја нанел таа неправда, а тоа е веќе дефинитивно најпропаднато и најбесцелно потрошено тв време. Злоупотребена е телевизијата како  медиум

А бидејќи рековме, навивачите не се можеби свесни за својата безизлезна состојба , телевизијата не може (не сака правилно) да им помогне, Авму којзнае дали приклучиле Тв, останува варијантата на спротивно делување, кое може да се изведе само со ( контра) критики кон телевизиите кои тоа го дозволуваат или со почести новинарски колумни кои на тоа ќе укажуваат постојано.

Зошто да се средуваше светот со колнење, не моравме ништо друго да правиме, и тие што се јавуваат на тв да колнат и тие што се принудени на тортурата да го слушаат тоа колнење на Тв. Како во некој ран почеток на среден век.

ПАРГО