Еднаш неделно: ЅВЕЗДИ

265

Што мислите, дали Мадона, некогаш најмоќната жена на Планетава во светот на музиката и сцената, искачена таму сепак без најубавиот вокал и најубавите песни, а со најсилна пропаганда и логистика, случајно беше пуштена во живо на Евровизија да фалшира и сите да и се потсмеваат ?

Жената за која работат најгенијалните шоубизнис мајстори?

Зарем навистина сметате дека таканаречената “Кралица на поп музиката” која со децении суверено владееше и го држеше приматот, на секој начин, одеднаш нема екипа која тоа ќе го среди, па макар и пушти студиска снимка во заднина, а да не се забележи? (Всушност и на самата Евровизија цело време паралелно оди и бекап снимка, ако нешто непредвидено се случи од пренос во живо веднаш да се префрлат на бекап поддршката).

Жената која со секоја фотографија го дрмаше светот, со секој гест, со секоја изјава, со секој збор, со секоја снимка, ја видовме во најбледото издание.

Како почетничка, изгубена на бина!

Според некои, ајде да ги наречам и инсајдерски информации, тоа е сепак испланирано и реализирано со цел паѓање на еден дотогаш недостижен мит. Вака. Неосетно и невидливо за “голо око”.

Демистификација на мистифицираното. Демонтирање на врвот. Спуштање на земја од ѕвездите. “Ново нормално”. Во кое веќе завршува досегашниот глобален експеримент на “создавање на планетарни ѕвезди” , зошто такви суперлуѓе нема, сите сме само обични, со свои доблести и мани. Магионичарите на забавата тоа го знаат, но упорно преку електронските медиуми создава фама и помпа околу, од нив одбраните ликови, кои им носеа профит. Во “новото нормално” тие се речиси изедначени со нас. Забавата, музиката, филмот и се она што долго го провоцирало и дразнело човечкиот осет за задоволство, а сега се минимизираат. В

и се чини и вас така некако сиот тој феномен, дека се движи кон крајот, сето тоа реално шоу испланирано во некои “тајни лаборатории” , кои ја испитуваат човечката свест и вкус и нејзините граници, или можеби само ви се чини дека јас така сум си “умислила”?

Но, тука веќе е ваше, да почнете сами да си претпоставувате и донесувате заклучок. ПАРГО