И додека кај нас се уште немаат став околу тоа кога и како ќе започнат да работат градинките, Србија ги отвора истите за децата чии родители не можат да останат дома поради работните обврски, или една третина од градинките ќе почнат да работат. Исто така, во Србија за упис во градинка не се чека воопшто, така што родителите не стравуваат дека нема да има кој да им ги чува децата доколку мора да одат на работа. За разлика оттаму, кај нас бебињата или децата кои требаат да се запишат во градинка, поребно е мнимум 2 месеца пред да почнат да одат во градинка да се запишат и „да си чуваат место“ за наредните месеци и практично да почнат да одат во градинка. За жал, никој од надлежните не излегува со информација освен таа од пред неколку недели дека мајките кои користат породилно отсуство, а им истекува во периодот на пандемија дека по автоматизам ќе им биде продолжено се до траењето на пандемијата.

Прашањето е до кога? И кои елементи ќе се имаат во предвид при (не)продолжувањето на породилното на мајките и дали има реални шанси тоа да биде до септември? Кај нас никој не кажува ни колку родители користат породилно отстуство, односно за колку ќе биде оштетен буџетот доколку породилното биде продолжено до септември, кога според експертите е оптимачниот период кога децата треба да се пуштат во градинка, по една пандемија каква што е оваа.

И додека кај нас се уште не се знае што ќе се прави, Сбрија од 11 Мај во функција става 35 отсто од градинките, но притоа сите предучилишни установи ќе треба да исполнуваат 35 мерки за здравствена безбедност. Родителите кои ќе се одлучат да ги носат децата ќе мора да однесат потврда дека и двајцата родители не се ослободени од работа.

Оној што го носи детето, мора да го донесе со заштитна опрема, децата одат веднаш на дезинфекција, мора да има бариера. Нема да се примаат деца со инфекции и секое дете ќе мора да донесе потврда дека е здраво. Децата со респираторни проблеми нема да се примаат во градинка.

Списокот со сите 35 мерки беше поставен од порталот „Зелена училница“ и овие мерки важат за сите градинки на територија на Србија. Интересно ќе биде доколку истите мерки се испорачаат и кај нас?!

Интерсно е дека децата ќе треба да пристигнуваат во претходно договорени интервали, за да не се создава гужва на влезовите во градинките, а родителите на децата при пристигнувањето треба да носат маска. Децата ќе треба да седат на растојание од 2 метри на масите и нема да смеат да се мешаат меѓу себе. Групите нема да смеат да бидат поголеми од 10-12 деца, a спиењaтa ќе се организираат така што децата да бидат позиционирани на креветите според принципот „нозе – глава“ со препорачано растојание од 2 метри.

Иако, според СЗО, ризикот од пренесување на вируси преку храна, како и пакување – пакување е многу мал, при подготовка на храна потребно е строго да се придржуваат до принципите на добра хигиенска пракса при подготовката и манипулацијата со храната, со цел да се намалат постојано присутните ризици од сите болести пренесени од храна, особено значајно во контекст на организирано колективно јадење.

Забранети се сите видови организирани групни активности во објектот (настани, итн.), Како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и сл.), Екскурзии, екскурзии и сл.

Секоја градинка треба да има просторија за изолација во случај на симптоми или сомнителна инфекција „Ковид-19“, за да може да се стави детето за време на престојот во установата.

Н.Д.