Националната галерија на Македонија во соработка со Бугарската амбасада во Република Македонија и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам – „Во мојот свет“ ќе организираат креативни ликовни работилници на дечиња со аутистичен спектар на нарушување и дечиња од редовната настава.

Креативните работилници ќе бидат организирани во објектот Чифте амам на 18-ти ноември (сабота) од 11-13 часот. Децата ќе работат со различни сликарски материјали, а ќе има вклучено и музико терапија. Целата манифестација ќе биде под мотото „Едно Сонце за сите деца“.