“Ти си таа што ми треба” е нова балада  што ја пее Блаж Маротов. Познатиот музичар оваа песна ја искомпонира и аранжира на текст на авторот Цане Трајчевски, а ја изведува во чест на својата сопруга Јуле. Снимен­о во студио БиМ, во продукција на “Валови”.
Песната е по идеја од познатиот текстописец, Трајчевски, кој точно во срцевина умее да ги погоди нештата со своето “перо”. Трајчевски во оваа песна ги опишува љубовта и почитувањето кои владеат меѓу Блаж и неговата сопруга, воедно и музичка партнерка, Јуле Маротов.
Оваа песна има големо емотивно значење за Блаж и неговата поубава половина, токму затоа промоцијата ја направил денеска на нивниот фејсбук профил, се разбира медиумите понатаму нека си ја одиграат својата улога.
Неодамна го прославија нејзиниот роденден, и остварија патување на море, каде се снимени и кадрите кои ги монтирана во спотот за оваа песна.
Блаж ексклузивно ја објавува песната на текст.мк, а на својот фб профил напиша:
-Нова песна за моите фанови. Почитувани пријатели, еве ја мојата нова песна “Ти си таа што ми треба”, преку кој музички момент ве оставам да уживате и да верувате дека Љубовта е најважното и најмоќното чувство за се во животот на човекот. Лек за болка, храна за убави емоции, и се друго без љубов. Се лажат сите дека ќе имаат било што, со материјалното и на крајот ќе сфатат дека без љубов не добиле ништо. Ве сакам, и ви благодарам ако ви се допаѓа мојата музика…
Изминатиот период беше активен со  медиумска промоција на својата  преработка на етно темата “Дејгиди луди млади години” и со рок баладата “Налеј една”.