Новото време донесе нови можности и шанси, да може со едно “копче” овде, да се ожнее успех некаде далеку. Каде што некогаш било просто невозможно. Тоа е моќта на интернетот, и моќта на музиката. Во овој случај таков среќник кој постигна голем онлајн успех е младиот македонски композитор Симеон Ангеловски.

-Станува збор за интернационален контест за скоро секој жанр на музика, и каде жирито е составено од најпознатите светски музички имиња од типот на “Колдплеј”, “Линкин парк”, Дуа Липа и уште многу други. Победник на овој натпревар во 2019 година беше песната “Dance Monkey” во една од категориите, инаку песнава се уште е актуелна и е мегахит. Оваа година јас конкурирав, со мојот проект – бенд “Калата” и првиот сингл “Ка се заљубиле”, песната влегува во полуфинале во категоријата Ворлд мјузик. Ми стигна и диплома за мојот успех. Ова се одржуваше онлајн, преку аплицирање на нивниот веб сајт – ни раскажа младиот автор за натпреварот Интернешнал Сонгврајтинг Компетишн.

-Нашиот бенд се вика “Калата” (се изговара” Калàта” ). “Калата” почнува како дуо во 2018 година. Денес сме 9 луѓе во бендот. Имаме снимено три песни досега. Уште три се во изработка моментално, односно се снимаат, наскоро ќе имаме и албум, најавува младиот амбициозен автор.

Нивната музика се преработени стари македонски ора и песни, а аранжманите на цел албум се негови.

-Идеата е да се зазвучи светското преку македонското, нагласува Ангеловски.

Инаку, потекнува од Македонска Каменица, студира во Скопје на ФМУ, за него допрва ќе се чуе.

Како објаснување: Калата е древен рударски град, односно место на кое што некогаш имало рударски град, а танцува збор за остров (а некогаш и полуостров) на езерото Калиманци. Ва. Ѓ. Парго