Едно лице загина, а две се повредени, од кои едното потешко, во експлозија на паркингот на РТС во Белград.

Според неофицијалните информации во српските медиуми, во експлозијата загинал еден вработен во компанијата „Енинг енергетика“, а еден е тешко повреден.

Експлозијата на паркингот РТС се случила нешто пред 10 часот, додека вработените на компанијата ваделе боци за заварување од автомобилот.

Работниците требало да ги поправат дефектите на системот за климатизација во телевизиската зграда.

Еден работник на РТС исто така бил повреден, додека силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили, а прозорците на зградата се распукале.

Екипи за брза помош и истражни тела се на лице место и ги утврдуваат причините за експлозијата.А.Р.