четврток, април 25, 2024
домаЕК со нови предлог мерки за сузбивање на ширењето на новиот вид...

ЕК со нови предлог мерки за сузбивање на ширењето на новиот вид на коронавирус

Европската комисија денес предложи нов пакет мерки за ограничување на патувањето со цел сузбивање на новиот вид на коронавирус што започна да се шири во земјите на Европската унија, како и воведување на нова „темно црвена“ боја на ковид-19 мапата која ги означува оние зони кои се погодени од инфекцијата.

„Ова го одразува високото ниво на инфекции, делумно поврзани со новата варијанта на корона вирусот“, изјави за новинарите европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс, објави „Радио Слободна Европа“.

Исто така, Европската комисија со новите мерки „силно ги обесхрабрува сите неважни патувања“, а мора да се применат дополнителни мерки и за таканаречените важни патувања.

„Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ, вклучително и за оние кои се на таканаречено важно патување. ПЦР тестот за влез во ЕУ мора да биде стар најмногу 72 часа“, рече комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа подвлече дека дополнителните правила, вклучувајќи самоизолација, карантин и следење на контактите до 14 дена, мора да се применат на патници кои доаѓаат од трети земји каде што е забележлива циркулацијата на нови видови на вирусот.

Темно црвената зона, каде се регистрирани инфекции од новиот вид коронавирус, ќе се ажурира неделно на епидемиолошката карта на ЕУ од страна на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Европската комисија предлага да се избегнува патување во тие зони, и доколку е потребно, ќе биде потребно тестирање пред да се оди во темно црвената зона и карантин по враќањето, со исклучок на луѓето кои работат во тие области. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ