Американската водителка и забавувачка Елен Деџенерис во четвртокот објави дека тестот покажал дека е позитивна на коровавирус и дека се чувствува добро. 62-годишната Деџенерис напишала дека ги следела здравствените препораки на САД и ги информирала сите нејзини контакти.

„По празниците повторно ќе се видиме. Бидете здрави и безбедни “.

Деџенерис од студио го води во живо „Шоуто на Елен Деџенерис“ со гости кои доаѓаат лично или виртуелно. Во средата, нејзин гостин во студиото беше Лесли Одом Јуниор.

Најавено е дека шоуто ќе се емитува до јануари.

Со дијагнозата за коронавирус завршува контроверзната година за Деџенерис, која беше обвинета за лоши меѓучовечки односи во шоуто, расизам и злоупотреба. А.Н.