Францускиот претседател Емануел Макрон на 10 април за време на видео конференција со социјалните партнери ја споменал можноста за затворање на границите на Европа до септември.
Излегувањето или влегувањето во Европа би можело да биде забрането до септември. Како што објавија од Capital, во петокот 10 април, за време на видео конференција со социјалните партнери, Емануел Макрон ја зголемил можноста за затворање на границите на шенген-зоната до септември. Разгледувана е можноста со оглед на еволуцијата на пандемијата во светот.

Евентуалната одлука се оправдува со тоа што сите земји не беа погодени во исто време. Објаснувањето е дека Кина дури сега започнува да се ослободува од вирусот, и се чини дека Франција го сега го достигнува пикот, додека Соединетите држави сè уште се далеку од достигнување на врвот на епидемијата со тоа што бројот на хоспитализации нагло се зголемува секој ден. За претседателот на Франција загриженоста за евентуален втор бран е дигната на повисоко ниво .

Според тоа, Емануел Макрон ги споделува препораките на неговиот министер за еколошка транзиција. Одењето на одмор во странство ова лето, најверојатно, ќе биде комплицирано.

„Денес не е време да се купи билет за да се оди на другата страна на планетата со сите неизвесности што можеме да ги имаме за тоа каква ќе биде состојбата на епидемијата“, изјави Елизабет Борн во средата.

Затворањето на границите на Шенген-зоната би можело да биде и стратегија за промовирање на економското закрепнување во еврозоната. Емануел Макрон секако треба да даде некои детали за следните недели и месеци, во понеделник вечер, за кога е закажено неговото телевизиско обраќање кон граѓаните и кога се очекува да се официјализира затворањето на границите до септември.

Н.Д.