Со свечена програма, но во исто време и со спонтано сценарио, синоќа, 15 февруари, во урбаниот простор „ВИП база-мезе бар“ се одржа првата самостојна изложба и ревија на младата скопска уметница Моника Блажевска.

На оваа своја прва изложба „Љубовта е уникат…Уникат е и Моника Блажевска“, во два дела ги претстави своите слики, со впечатливи наслови. Во „модернизам“, беа поставени сликите „Љубов“, „Пеперутка“, „Црвенокоса“, „Афродита“, „Лице“, „Сини коцки“, „Балерина“, „Автопортрет ( Ја сакам Мерлин)“, „Црвена роза“, „Покрај прозорецот“, „Девојка во жито“, „Новата Фрида“, „Под морето“, „Автопортрет ( Ѕвездено небо)“ и „Јас гејша“.

Секцијата „реализам“ се состоеше од сликите: „Порта“, „Старо Скопје“, „Одам по бизнис“, „Сиромашни луѓе“, „Деца јадат овошје“, „Писателот“, „Марија и мачка“, „Лав и Коњ“.

Убавите парчиња облека, пак, со уникатни нејзини цртежи, ги претставија младите модели Ивана Гелева, Теодора Бојчева, Дона и Симона Станчеви.

Бројни познати и еминентни уметници од разни уметнички полиња дојдоа да ја подржат Блажевска – пред се познатите ликовните уметници Билјана Василевска и Натали Николовска, музичарите Ристо Апостолов и Бојан Митановски од „Водолија“, Фиц од „Студени нозе“, Зои Блаж, Марија Спасовска, Гаро Тавитјан, Роберт Вуќелиќ, поетесите Оливера Доцевска, Елена Пренџова, Ана Љубиќ, Валентина Ѓоргиевска Парго, Живка Коцева Караџовска, виолинистката Ева Богоевска, словенечкиот спортист Тадеј Матијашиќ, младата водителка Деспина Јанакиевска, Нестор Јанакиевски, креативката Марга Филиповска, познати менаџери и други. Дел од нив зедоа учество во културно-забавната програма.

Официјалниот евровизиски клуб „Инфе Македонија“ и винаријата „Езимит“ од Штип ја помогнаа оваа прва самостојна изложба на Моника Блажевска.