Режисерот Емир Кустурица ги сними краткиот филм „Херои на нашето време“, кој беше објавен на социјалните мрежи и на Јутјуб каналот на порталот „Искра“.

Во описот на краткиот филм на режисерот се вели дека „во самракот на човештвото, осамна надежта дека не е сè изгасено и уништено“, објави „Б92“.

“Ова го покажуваат поединци стуткани во некои агли на светот кои, за разбирање на современиот човек, немаат ништо, но всушност имаат сè. И додека, според стиховите на многу поети, секој тврди дека бара човек со свеќа, Емир Кустурица најде луѓе во неговата околина и не ги осветли со свеќа, туку со рефлектори за да докаже, по којзнае кој пат, што значи да се биде човек“, се опишува кратко отворањето на „ Херои на нашето време “.

Музичката подлога на овој краток филм се состои од пет композиции на Емир Кустурица и составот „Д ноу смоукинг оркестра“ (The No Smoking Orchestra), вклучувајќи ги „When Life Was a Miracle“(Кога животот беше чудо), „Dying Song“(Песна на умирање) и „ In the Beginning “(На почетокот). А.Р.