Нова епидемија на КОВИД-19 во кланиците во Германија се појави во фабриката Алфриш во градот Емсдетен. Со рутинска инспекција беа пронајдени 26 заразени работници. Многу странци од Источна Европа работат во кланицата.
Засега не е јасно дали некој од странците во компанијата е заразен. Во кланицата работат вкупно 300 лица, главно од источна Европа. Сите вработени во компанијата, како и нивните семејства, беа тестирани во петокот за да го прекинат ланецот, соопштија локалните здравствени власти.

„Сè уште не знаеме колку се погодени од вирусот“, рекоа лекарите.

Не е јасно што ја предизвика појавата. Сè уште не е познато дали компанијата ќе биде затворена, тоа ќе зависи од резултатите од тестовите.
Работниците имале бројни контакти и со роднини и со пријатели, а некои патувале во својата татковина. Главниот проблем е што луѓето од компанијата живеат во 13 различни општини во округот, ако вирусот се прошири, тоа може да доведе до карантин на целата област, предупредуваат властите.

А.Н.