Осудата на поранешниот полицаец во Минеаполис Дерик Шовин, за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, донесе намалување на тензиите и чувство кај граѓаните низ САД дека правдата е задоволена во овој случај.

Во разговор со репортерот на АП, Лусија Едмондс, 91-годишна црнка од Вашингтон, вели дека била подготвена за можноста Дерик Шовин да не биде осуден за убиството на Флојд, бидејќи се случиле такви, нефер судски одлуки многу често во минатото.

„Се надевам дека оваа пресуда значи дека е направен пресврт во нашата земја, но рано е за ваков заклучок. Сепак, нешто се смени“, рече Едмондс.

Слични чувства на олеснување, надеж, но и претпазливост, има кај граѓаните низ САД по одлуката на 12-члената порота дека Шовин е прогласен за виновен за три тешки кривични дела.

Елејн Бак од Њу Џерси смета дека одлуката на судскиот совет е добра и очекувана, но таа вели:

„Со ова на сите ќе им стане јасно дека луѓето гледаат, снимаат и објавуваат на социјалните мрежи и тоа е она што можеме и мора да го направиме“. А.Р.