Европскиот парламент денеска преку хрватскиот европратеник и екс министер на хрватската дипломатија, Тонино Пицула, го претстави нацртот на своите препораки за проширувањето на Европската унија. Меѓу другото, Пицула подвлече дека ЕП е за продолжување на проширувањето и побара ЕУ веднаш да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Во нацртот на препораките,  Европскиот парламент прокрај преговорите со Македонија и Албанија, побара и либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, како и да се побара јакнење на напорите во процесуирањето на воените злосторства и рашавањето на прашањата на исчезнатите лица на Балканот.

Европскиот парламент, меѓу другото, предлага да се загледа воведувањето одлучување со квалифицирано мнозинство по прашањата кои се однесуваат на пристапувањето со задржување на едногласното одлучување во Советот на Европа само за отворање и затворање на пристапните преговори.

Извештајот би требало да дојде на дневен ред во Европскиот парламент за усвојувње на пленарна седница во април.

„Со овие препораки на Европскиот парламент за западен Балкан сакаме да испратиме клучни пораки на Европскиот совет, на Европската комисија и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика. Тоа се поддршки на самиот процес на проширувањето на ЕУ и неговото продолжување, како и дека интерната реформа на ЕУ и нејзиното проширување може и треба да се одвиваат паралелно, бидејќи не се исклучуваат меѓусебно. Покрај тоа, истакнуваме дека политичката ситуација во поедини членки на ЕУ не може да биде причина за суспендирање на целиот процес на проширувањето“, истакна Тонино Пицула на состанокот на Комисијата за надвореши работи на ЕП, при претставувањето на нацрт препораките за проширување на ЕУ во пресрет на самитот во Загреб, според соопштението на кабинетот на пратеникот.

Пицула во ноември беше именуван за известувач на ЕП за западен Балкан, со задача да изработи сет конкретни препораки кои ќе овозможат отстранување на блокадите за продолжување на проширувањето на ЕУ. Целата де да се придонесе за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, на самитот ЕУ – западен Балкан во Загреб на 6-ти и 7-ми мај.

Пицула истакнува дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ од нејзиното основање, оти придонесува за јакнењето на демократијата, мирот и напредокот на цела Европа.

Извештајот на Пицула со препораките поддржува некои од идеите за новата  методологија за проширувањето која го претстави ЕК, како што е отворањето на поглавја во „кластери“, односно групирања, за со групирање на темите и политиките да се обезбеди длабочина и квалитет на реформите. Препораките бараат и појасни мерила за успехот и напредокот за секоја земјата кандидатка поединечно, како и континуирана поддршка во текот на процесот. Покрај тоа, се предлага кандидатките кои веќе ги отвориле преговорите да можат да продолжат според новата методологија, но само ако тоа самите го побараат. Станува збор во прв ред за Србија и Црна Гора.

Во соопштението се додава дека Пицула истакнал дека ЕП бара поголема улога во процесот на проширување, поради својата посветеноста за јакнење на демократијата во регионот.